Јанкулоска на распит во судот за случајот „Тврдина“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во четврток наутро, околу 9.20 часот дојде на распит во Основниот суд Скопје 1, за случајот „Тврдина“, јави репортерот на„Макфакс“.

Image

Според информации од Специјалното јавно обвинителство, од 9.30 часот треба да почне распитот за Јанкулоска и останатите тројца осомничени во овој случај за кои се бараат мерки за претпазливост.

Првоосомничениот во овој случај е Горан Грујевски, началник на петтата управа, треба да дојде на распит попладнево околу 14 часот. За него, СЈО, бара мерка притвор за незаконското уништување на двата системи за прислушување во Министерството за внатрешни работи.

Грујевски, пред одлуката за аболиција од страна на Претседателот Ѓорге Иванов, помина неколку дена во притвор, но потоа ова мерка му беше заменета со куќен притвор. По одлуката за аболиција тој беше ослободен, но по поништувањето на истата случајот „Тврдина“ повторно влезе во судска процедура.