Чeтвoрица мртви во пукање во Канзас

Најмалку четворица луѓе, меѓу кои и напаѓачот, се убиени и 14 се ранети во американската сојузна држава Канзас, соопшти во петокот локалната полиција.

Image

Напаѓачот, идентификуван како 38-годишниот Седрик Форд, според првичните сознанија, пукал на три различни локации, прво околу 5 часот попладнето по локално време во градот Њутаун, каде од грб застрелал возач на камион. Набрзо потоа застрелал уште едно лице на пат до неговото работно место, околу 14 километри северозападно од Њутаун, каде отворил оган на паркиралиште. Пукањето го продолжил влегувајќи во просториите на компанијата „Excel Industries“.

„Овде се случи грозен инцидент. Напаѓачот е убиен, Тој е вработен на Excel“, изјавил за локалната телевизија KWCH шерифот Т.Волтон.

Според локалните медиуми, убиецот непосредно пред инцидентот објавил на својата страница на Fаcebook фотографии со пиштоли и автомат. Се наведува, исто така, дека Форд имал проблеми со менталното здравје и порано имал проблеми со законот.