Сомалиската исламистичка група ал-Шабаба нападнала во неделата крстосница и ресторан во градот Бајдоа, 245 километри северозападно од пестолнината Могадишу, при што се убиени најмалку 17 луѓе, соопштија властите.

„Ресторанот и крстосницата биле преполни со луѓе и бројот на мртвите би можел да расте“, изјавил за Reuters командантот на полицијата во Бајдоа, Билов Нур. Додал дека повеќето од 17-те жртви се цивили, како и дека 25 луѓе е повредени.
Полицискиот портпарол изјавил дека самоубиец активирал автомобил бомба на раскрсницата, а втората експлозија ја предизвикала бомба активирана во ресторанот.
„Цел беа владините функционери“, рекол портпаролот на ал-Шабаб за воените операции, шеик Абделазис Абу Мусаб за Reuters. Додал дека во близината на нападот била полициска станица.
Овој напад доаѓа откако два дена претходно, во петокот, најмалку 14 луѓе беа убиени во сомалиската престолнина Могадишу во напад врз хотел и соседен парк, за кој одговорноста ја презема ал-Шабаб, движење кое сака да ја собори тамошната влда и да прогласи држава во која ќе го наметен исламското шеријатско право.
Силите на Африканската унија во Сомалија (AMISOM) се распоредени во 2007 година, а ал-Шабаб во август 2011 година е протерана од Могадишу. Тогаш ги загубија повеќето од своите упоришта во близина на сомалиската престолнина. Најчесто избегнуваат конвенционални борби и изведуваат герилски операции и самоубиствени напади.