Полицијата од американското гратче Манкато се изненадила кога стигнала на увид на сообраќајна несреќа и зад воланот на камион кој минал преку работ на коловозот открила лабрадор ретривер, пишува локалниот портал The Free Press.
Очевидците кои минатиот петок биле присутни на бензинска пумпа во сојузната американска држава Минесота уверувале дека го виделе лабрадорот на возачкото место во камионот, кој преку паркиралиштето наназад тргнал до работ, го минал и се запрел на тревникот.
Полицијата од Манкато вели дека изгледа оти камионот бил во празен од (лер) и некако бил префрлен во брзина и поради тоа тргнал во рикверц.
Камионот го сопрел еден мажите кои случајно се нашле на пумпата кој скокнал во него за да го запре и открил дека песот е на седиштето на возачот. Камионот закачил притоа дрво и патнички автомобил.
Според полицијата, возачот на камионот во лер го оставил возилото на паркингот.