Трамп го исфрли Рубио, Клинтон убедлива

 Водечкиот меѓу републиканските кандидати за партиската номинација за американските претседателски избори во ноември, милијардерот Доналд Трамп со уверливата победа во сојузната држава Флорида го исфрли од трката тамошниот сенатор Марко Рубио, но гувернерот од Охајо, Џон Кесик, му го оневозможи освојувањето на сите пет држава коишто гласаа на ткн „втор супервторник“.

Image

Кај Демократската партија, пак, поранешната прва дама и државен секретар Хилари Родам Клинтон, лесни победи во Флорида, Северна Каролина, Охајо и Илионоис, додека во Мисури се наоѓа во тесно водство пред сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Донлад Трамп, за кого критичарите велат дека избирачите ги освојува со популизам, во вторникот направи голем чекор нанапред во освојувањето на номинацијата на Републиканската партија. Сенаторот од Флорида, Марко Рубио беше лесно победен во неговата Флорида со 20 отсто разлика во гласовите, а њујоршкиот милијардер ги освои и Северна Каролина и Илиноис. Во Мисури, Трамп и сенаторот од Тексас, Тед Круз, се во мртва трка и засега не е можно да се предвиди победникот во оваа сојузна држава.

Поразот во матичната држава претставува брутален удар за Рубио, кој до неодамна се сметаше за ѕвезда во подем на Републиканската партија и главниот избор на нејзиниот естаблишмент. Од медиумите наречениот „Републиканскиот Обама“, се откажа од натамошната трка за партиската номинација,

„Луѓето се гневни, луѓето се фрустрирани“, реле Рубио, додавајќи дека било потребно дополнително да бидат „потпалени“ и да се заработат гласови. „Избрав поинаков пат и горд сум на тоа“, порача.

Одличната ноќ на Трамп му ја расипа Џон Кесик, во својата матична држава Охајо, поведувајќи го со 47 наспроти 36 отсто до гласовите. „Одушевени сме“, изјави Кесик. Гувернерот на Охајо се може да стане прв избор на раководството на Републиканската партија. „Мојата кампања нé држи заедно, наместо да нé раздвојува“ изјави и најави дека оди „до крај по номинацијата“.

Сериозен ривал за Трамп сé уште е тексашкиот сенатор Тед Круз, кој е миленик на тврдото конзервативно движење Чајанка (Tea Party), кој смета на поголема поддршка во државите каде што ќе одржуваат следните партиски предизбори.

Според пресметките на телевизиската мрежа CNN, Доналд Трамп сега има обезбедено 640 од потребните 1.237 делегати, Тед Круз – 405, а Џон Кесик – 138 делгати. Иако е во голеам предност, Трамп може да биде достигнат бидејќи треба да се гласа во уште неколку држави, како Аризона и Њу Џерси, коишто на победникот му ги доделуваат сите свои делегати.

На демократската страна прозваниот како социјалист сенатор Берни Сандерс лесно загуби на Флорида, Северна Каролина и Охајо, и тесно во Илсиноис. Во Мисури незначително заостанува зад Хилари Клинтон и можно е во последните пребројувања да ја престигне, но дури и доколку се случи тоа, поранешната шефица на американската дипломатија ќе ја задржи големата предност. Според CNN, Клинтон има 1.568 од потребните кај демократите 2.383 делегати, додека Сандер има обезбедено 797 делегати.

„Се приближуваме на денот кога ќе ја осигуриме демократската номинација и потоа ќе победиме на изборите во ноември“, изјави Клинтон пред нејзините поддржувачи.