Кај Авганистанецот кој со секира нападна патници во воз пронајдено знаме на Исламска држава

Рачно насликано знаме на Исламска држава било најдено во соба на авганистанскиот мигрант што со секира ги нападна патниците во возот кој сообраќаше на релација Тројхлинген – Вирцбург, во Германија.

CnrLmlUWYAALK8r-860x680

 

Авганистанецот бил на 17-годишна возраст и во нападот потешко повредил четири лица. Полицијата го усмртила додека се обидувал да побегне. За време на нападот тој извикувал „Господ е голем“.

Баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман, изјавил дека е рано да се зборува за мотивите на напаѓачот, како и за тоа дали бил член на Исламска држава или бил саморадикализиран.

Тој додал дека тројца од патниците биле во критична состојба.

Вирцбург, 19 јули, 2016 – 10:03 (META)