Во нови вооружени напади во Канада еден убиен и четворица тешко ранети

Едно лице е убиено а четири други се тешко ранети во три престрелки кои во неделата се случиле во канадската метропола, пренесува телевизијата CBC.

Image

Според извештајот, 20-годишен маж починал во болница каде бил пренесен со повеќекратни прострелни рани.

Меѓу повредените, тројца се мажи и една жена. Состојбата на сите нив лекарите ја оценуваат како критична.

Престрелките се одиграле во интервал од два часа во различни делови на централната област на Торонто.

Канадската полиција поведе истрага за сите три инциденти, но и за тоа дали тие меѓусебно се поврзани. Соопшти дека во сите случаи се уапсени „голем број лица“ и пронајден е украден автомобил кој најверојатно бил користен во еден од нападите.