Пронајдени 13 тела, се трага по потонат брод во Малезија

Малезиските власти започнаа потрага по брод во кој се наоѓале 35 лица, откако полицијата на плажа во јужната држава Јахор пронашла 13 тела, за кои се верува дека припаѓаат на индонезиските државјани.

Image
Телата се откриени во градот Бендар Пенавар, во близина на источното крајбрежно подрачје Кота Тинги, пренесуваат агенциите.

Локалниот шеф на полицијата рече дека бродот дошол од Индонезија, од каде превезувал илегални мигранти.

Властите во Џакарта наведуваат дека бродот се превртел откако бил зафатен од големи бранови.