Бездната наречена естрада

KokakolicarДа, да, да.. морав, навистина, познато ви е сево ова, знам, ама морам, неможам да издржам, веќе пукнав. Ова веќе изгуби секаква смисла, сите граници се преминати, ова веќе не се трпи. Како бе, како, неможам да си објаснам, како може да постојат вакви идиоти, класични! И тоа не е еден, не се двајца, премногу се, а бројката сеуште се зголемува и тоа драстично..До кога? Има ли крај? Ќе сфатат ли? Ќе се опаметат ли? Сеуште не ви е јасно за што зборам, така?! Така и си мислев. Ич да не ми се сеќирате, се ќе ви објаснам. И тоа детално!

ПЕВАЉКИВЕ! За нив зборам, нив не ги разбирам, тие се тие кои ми праат вакви фрустрации, збунки и конфузии! Па дали се нормални? Имаат ли бре грам памет, па да размислат малце пред да направат било каков обид да се пробијат на оваа наша, каква, таква естрада?! Имаат ли тронка совест и жал, па да не поштедат нас кутрите душички кои сме должни да го трпиме тој терор?! Можеби требаше да си дадам време да се смирам пред да почнам да пишувам, да не претерам? А можно ли е тоа?

Ќе се обидам да не навлегувам во детали, но да ја претставам пошироката слика за целата ситуација на нашава естрада, ако може така да се нарече..Или е подобро да се нарече циркуз? Неее.. Циркузот е место каде што артистите ги претставуваат своите вештини, вродени или накнадно стекнати, со цел да ја забавуваат публиката. Ова е нешто поинаку. Додуша кога подобро ќе размислам, да, тие наликуваат на кловнови, народот се смее и се забавува, но никаков талент ни вештина неможам да пронајдам! Жално е, навистина, работава е „смејем се, ал плаче ми се“, па ќе се смееме, што ни останува друго?! Длабочината на текстовите на ваквите „ѕвезди“ се на ниво на „маркова река“, плитки и полни со измет!

За да не пишувам во недоглед, ќе се фокусирам на оние побитните и лично, мои фаворити. Од каде ли да почнам? Да, ми текна, од „лепотицата“ која беше пример, мотив и охрабрување за останатите „скриени таленти“ да тргнат по патот кон нашата „естрада“, Сузана Гавазова!  Што ти фалеше бе мило да си пееш по биртиички, да забавуваш камионџии, пијандури, се извинувам, боеми, стари ергени, швалери и тако даље? Па барем во таквите биртиички воопшто не се важни гласовните способности, битно е да им ги „гаѓаш“ песните, да ги натераш да се „начукаат“ ко стоки. Си „лапкаше“ некоја паричка, им ги земаше и тие едвај спечалени парички на гостите, парите кои ги заработиле со пот, за наводно да си ја прехранат фамилијата. Луѓено со душа ги чекаат таквите како тебе, а ти ги разочара. Си сакаше свои песнички, спотчиња, медиумска експонираност, трачеви во твое име. Мене лично ме разочара, те сметав за андерграунд, а ти толку се искомерцијализира! Но, кој ме прашува мене, голема си, ти треба да си знаеш што праиш, но незнаеш!

На ред доаѓа драгата и колешка, мој личен фаворит, онаа која навистина направи БУМ на ова поле, т.е. во оваа бездна наречена естрада, Андријана Ацеска! Нејзините почетоци се исти како и на Сузето, па и на неа тое не и беше доволно. Апсолутен нејзин хит, па и на целото тоа фрик шоу, е која ако не, нумерата „ Кеш, кеш“. Нема потреба да објаснувам за што се работи, сигурен сум дека текстот на сите ви е добро познат, а за повеќето и дека го знаете напамет. Текстот е врв! Помина толку време и сеуште неможам да се изначудам како е можно сеуште да не се опаметила и да верува дека песната е навистина добро прифатена. Мани тоа, уште повеќе ме чуди фактот дека некој може да биде толку малоумен, па да се појави гордо во јавност изустувајки такви зборови наменети за себе, а со тоа и автоматско самозалепување на еден куп епитети и „лепенки“. Сам на себе да си „препишеш“ таква судбина, да бидеш етикетиран со сето она од што сите девојки се плашат и се пазат. Јасно ви е за кои зборувам, сигурен сум, па и „длабочината“ на текстот на песната, на оваа, а и на сите други, не ви дозволува ни да ја употребите својата имагинација и да се обидете да го извртите текстот во некоја друга смисла, од онаа вистинската!  Драга Ане, подобро ќе беше да го излепиш своето тело, кое не се обидуваш многу, многу да го сокриеш, со стикери на кои ќе ги пишуваше сите оние епитети кои веројатно сакаше да ти бидат доделени, да се појавиш таква во јавност, да кажеш два, три збора за себе и сигурен сум дека ќе ја имаше истата популарност, поддршка и ќе беше исто толку прифатена од народот, како и после товите песни. Ќе си заштедеше пари, време, а и немаше да има потреба да го „истакнуваш“ својот музички (анти) талент. Нај интересно околу оваа „лепотица“ ми беше нејзината изјава, изјавата која ме остави вџашен, со вилицата до земја, а притоа и слатко ме изнасмеа, изјавата дека таа всушност е рокерка! Драга моја, ти арна си? Искрено, ништо неможе ова да го оправда. Ни фактот што преку ваквите нумерички најлесно се станува популарен, ни фактот дека заработката е поголема, ни фактот дека и на текстописците им е полесно да креираат нешто вакво! Добро, можеби и нејзината неписменост, менталната неразвиеност и нејзиното минато се причини за ваквата изјава. Ако Ане, биди си ти што сакаш, само ограничи си го просторот на експонирање и докажување на твојот (анти) талент.

Следна на списокот ми е една така по тазе и сеуште многу актуелна, Сања Цинцева, a.k.a Сања Барби! Е срцкава е закон. Мој личен фаворит од нејзиниот „богат“ репертоар е нумерата „Министерка“, текстот е лудило! Морам да ја пофалам Барби, навистина била креативна  во изборот на темата за оваа нумера, навистина креативно и иновативно! Е сеа, повторно се сретнуваат оние класични и неизбежни, за сите песни од ваков тип, темички како што се, пари, мажи, скапи коли, луксузи и слично, но темата е навистина посебна. Кога ја видов „министеркава“, за прв пат, онака како појава, пред да отвори уста, навистина ми делуваше нормална, прибрана и надежна, но кога отвори уста, се ми стана јасно. И повторно, разочарување! На почетокот, со пласирањето на песната „Министерка“, се обидов да гледам на работите од друга перспектива, се обидов да ја сфатам неа и нејзините намери. Си реков, па добро, можеби е заинтересирана за министерска фотља, не е квалификувана за тоа, па се обидува да си ја исполни желбата на некој друг начин, на овој начин, преку песна. Но по нејзината изјава дека не е заинтересирана за политика, за навлегување во политичките води, туку е заинтересирана за музичката естрада, ми го скрши филмот и кренав раце и од неа. Али и оваа очигледно е „слепа“ и упорна, па ќе си тера вака до недоглед. Останува само да се навикнеме и на неа и нејзиното постоење и да го следиме нијзиниот пад низ безднава наречена естрада.

Мислевте дека ја забораив? Дека ќе ја прескокнам? Или можеби мислевте дека не сум запознаен со нејзиниот лик и дело? Нејзиното величество „Гулабица“!!! Нееее беее, какво заборавање, скраја било. Зарем е можно да се заборави вакво суштество?! Нејзината појава се врежува во вашата меморија како бактерија, неможете ништо да сторите, само времето ќе си го направи своето! Или не, понекогаш крајот може да биде фатален! Допрва ќе видиме каков ефект ќе има нејзината појава на нашата психа и на нашиот живот во целина. Но, од искуствата со горенаведените, се некако си мислам дека нема да биде на арно. „Гулабицава“ се „стркала“ во нашава естрадна провалија со нумерата „Оди си“, но дефинитивно најголем залет зема со нумерата „Нека грмат громови“, така си е, што сакате кажете. Најголемиот „удар“ зададен од нејзина страна, барем за мене лично, беше објавувањето на нејзиното хард кор интервју во некое си така наречено радио, со некои си така наречени новинарчиња. Кој од кој по прост, но нема везе, важна беше само „гулабицата“, нејзиното „лупање во гради“ за нејзината божемна кариера и популарност и крадците на постерите! Во глобала тоа е муабетот. Ма што ви раскажувам, не е возможно тоа да не сте го погледнале. Пласирањето на овој видео клип беше нејзиниот „камен“ кој го убрза нејзиниот пад во естраднава ни провалија! Вака или така, „гулабицата“ си ја доби саканата популарност, публицитет, фан страна на facebook и ич „крило“ не ја боли. Јас за неа имам само еден коментар: Од чавка, гулаб не бидува..!!

Морам да го споменам и брат Драганче Митрески a.k.a Драганче од Лескоец! Братчево е закон! Можеби неговата популарност не е на исто ниво како на „лепотициве“ од погоре, но заслужува да биде дел од моето Топ 5. Драганче ни се прослави со неговото „дремење“ на маса во, не сум сигурен, но мислам дека се работи за Охридската чаршија. Во песната главно ја опеува конобарката му Снеже, главниот „виновник“ за неговото опивање уште во раните утрински часови, опивање главно со „Скопско“ и „Златен Даб“, иако, ако по убаво го загледате ниско буџетниот спот, ќе забележите дека братот „млати“ „Крали Марко“, али нема везе, негов спот, негова песна, за што сака ќе си пее, што сака ќе си има во спотот, кој сум јас да се мешам?!

Се надевам дека горе, доле, се си опфатив. Ако нешто сум пропуштил, слободно кажете, ќе направиме и продолжение, не е проблем.

И би сакал да отворам една дискусија, ме интересира вашето мислење. Озбилно, свесни ли се луѓево што праат? Дека се брукаат? Дека се предмет на потсмев и заебанции? Навистина ли веруваат во некаква си популарност? Ама озбилно, свесни ли се колку се плитки?

 

Le Me, Кокаколичар Еден Низаеден

 

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.