Што денес претставува да си дегенерик во нашето мило опшество?

27298_101259800052247_797225538_nДегенерик си ако си уметник, дегенерик си ако легнуваш у 3 и одма стануваш у 5 зошто имаш преголема инспирација поради која не можеш да заспиеш, дегенерик си ако пишуваш книга и се трудиш да биде џаст прфект. Дегенерик си ако не се замараш со туѓите животи, дегенерик си ако си либерален и ги почитуваш сите, дегенерик си ако ги простуваш туѓите грешки без да сакаш да се одмаздиш, дегенерик си ако од секого го вадиш најдоброто и ја отфрлаш негативната страна. Дегенерик си ако секому сакаш да помогнеш без да бараш фидбек. Дегенерик си само ако бараш некој да те сфати, некој да го испочитва она што го правиш за другите, дегенерик си ако бараш од некому прошка, иако си простил многу пати, дегенерик си ако дадеш пари на заем . . . а, знаеш дека нема да ти се вратат.

Не . . . јас не мислам дека овие луѓе се дегенерици, воопшто! Туку вие, млади дами и господа, што се мешате во туѓите животи и озборувате и кажувате невистини без ни малку срам. Повели, биди уметник! Остануваш до 3 сабајле за да се кинеш од смеење на глупави идиотски клипчиња? Да се начукаш за да заборавиш колку си нечовечен? А, во 5 веќе си во длабок сон? Тогаш Достоевски, Толстој, Спаркс, Шекспир, Де Балзак, Коелјо и сите останати писатели се најголеми ДЕГЕНЕРИЦИ? Тогаш зошто се толку познати? Дегенерик е сигурно и Мартин Лутер Кинг кој се борел за либералноста, слободата и демократијата. Дегенерик е секој поедин човек кој има сфаќања за секого, нели? Дегенерици сте вие што додека гушкате, барате место каде најдобро да го забиете ножот, каде најдобро ќе заболи. Па, тоа вие секојдневно го правите. Срце, те сакам – за вас се обични зборови! Дегенерик си затоа што за се барате против – услуга, дали е во пари или во др. вие си знаете, битно е да имате корист и тогаш кога ќе помогнете. Дегенерик си кога некого искрено сакаш и бараш да ти прости, не дегенерик си кога го исмејуваш и не даваш простор да ти објасни! Дегенерик си кога и последниот денар за вашата еб**а цигара го даваш. Дегенерик си кога те обвинуваат затoа што не можат пари да ти вратат.

Да, ДЕГЕНЕРИК СУМ и МИЛО МИ Е што најпосле сфатив во какво опшество живеам, колку сте подли и колку сте ЗА НИКАДЕ. ВЕ ЖАЛАМ во СЕКОЈ ПОГЛЕД. Погледнете околу себе, прашајте што сте направиле за себе и за другите. Ги нарековте ороспии девојките? Ги нарековте женкаришта машките? На секого му ги пребројвте парите? Ја искусивте девојката и ја фрливте како парче хартија и ја изнаприкажавте низ целиот град? Искористивте вечера со свеќи и тивка музика, пица и вино и другиот ден го нарековте ЕМОЦИОНАЛЕН ИДИОТ кој ЗАПЛАКАЛ, кој не бил ХУЛИГАН да се истепа туку ви рекол ДЕКА ВЕ САКА?

Изгледа денес се има поинакво значање. Да бидеш идиот, кретен, деген е СУПЕР! Да си клошар исто така! Епа добро, кога веќе таквите зборови ја искажуваат убавината, тогаш со кои зборови да ја искажам вашата грдотија?!

П.С. Душата ви смрди, па не дозволува да бидете толку убави, бидејќи колку и да си убав, ако имаш грд карактер џабе ти е се бе убавице!

 

Марија Прличкова

 

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.