Жената од моите соништа

mitko1Дали може некој да ми даде вистинска жена!

Жена со оригинално тело

Жена со гради, колкови, усни и лице што зрачи

сè да биде оригинал

Сакам вистинска жена

Не како жена од списание

Таа не е вистинска

Сакам жена која е горда на нејзиното тело

Жена која го почитува своето тело

жена која се грижи повеќе

За нејзината внатрешна убавина

зошто тоа е најважниот дел, дел кој ја дефинира

Жена која носи носи шминка

Не маска

Жена која е столб, карпа, која е нежна

Жена создадена од Бога, и која ја има неговата природа.

Дали може некој да ми даде жена убава во вистинска смисла

Жена со златна коса како сонцето,

брановидна како морето

Жена со очи длабоки како океан

со ум слободен ко птица

Жена пефектна како вистинска љубов

која ме засмева, ми го полни стомакот со пеперутки

Жена која ќе ја сонувам,ќе мечтаам

која ќе ми биде во мисливе

Жена која ќе ја барам со очиве

насекаде и во секое време

Тоа е таа жена

Жената од моите соништа

Ќе ја сакам таа жена тоа е таа жена…

 

Митко Сланинкоски

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.