Ми рекоа еднаш дека болката на душата е најтешка. Тешко било да скршиш рака – знам јас трипати ја кршам до сега, тешко е да се повредиш, да се пресечеш,да се изгориш да изместиш нешто ама најтешко било кога те боли душата. Тогаш бе брате ти се плаче ти се рика. Не знаеш што попрво да направиш. И не можеш да спиеш, и не можеш да јадеш, и не можеш да седиш, не можеш да стоиш. Па што би правел ако не можеш да ги правиш сите овие работи. Ајде ќе излезеш надвор да се проветриш да растргаш мисли. ОК а каде да се оди, и онака надвор нема ништо подобро да ти е аир некој нема да видиш, ама ај си викаш ќе ме фати воздух, ќе нема да мислам на глупости, може ќе сретнеш некој да си напраиш онака два- три реда празен муабет, да акнеш три- четири глупости па највероватно ќе ти помине.Може и некое кафе да се испие или пиво можеби токму тоа е она што ви треба. Е тука гадно сте се заебале . Почнува тука мозокот да ти работи двеста на саат. Тука е борбата со самиот себе. Се кривиш сам, ги кривиш другарите, родителите, браќата и сестрите го кривиш светот, ама најмногу самиот. Ах да можев вака да направам, да имам втора шанса ќе поправам ова ќе направам вака, не заслужив вака, сакам да помине. Едноставно хаос е се. Во исто време чуствуваш и поплава и пожар и ти се смее и ти се плаче измешани чуства, и измешано однесување, едноставно не личиш на себе.
Алкохолот е права ствар за давење на болка. Подобро нешто нема. Најверен пријател на човекот. Нема никогаш да ве изневери, нема никогаш да ве остави и тука е секогаш за вас. После пет-шест чашки поинаку гледате на работите. Не се оптеретувате, не се замарате, сите ги сакате, ама тука се лажеш најмогу. Се лажете себеси, а и тие околу вас ги лажете. Се лажете дека ќе ви биде подобро се лажете дека ќе биде се во ред и ете ја среќата што ја чекате, се лажете дека поминува. Не поминува така лесно, да не се лажеме.Пак кога ќе си дојдеш дома пак ќе го имате она чудно тропање на срцето, пак си вознемерен, ти се тресат рацете се осеќаш како да полудуваш. Ебате чудното чуство, ти доаѓа на моменти да испиеш три бедоксина и два диезепама за да биде подобро, барем така се надеваш дека ќе биде подобро. Пак ќе станеш навечер во ниедно време да шеташ по соби како месечар се осеќаш како да си се мрднал. Пак ќе ја припиеш перницата до лице и ќе плачеш и сам ќе бидеш и најосамен ќе бидеш. Пак ќе пуштиш телевизија и се ќе ти биде интересно па дури и рекламите на Топ-Шоп ќе ти бидат интересни и Аси ќе ти биде интересна и Малечката невеста ќе ти биде интересна, и временската прогноза ќе ти биде интересна, и сите глупи репризи ќе ти бидат интересни и се се надеваш дека ќе помине и ќе го снема и дека нема да биде тапа. Но не е. Не поминува така лесно и нема да го снема и ќе ти биде тапа, Тоа е битка што сам ја биеш. Нема тука победник или поразен тука си ти против самиот себе.
За крај…..времето е единствениот лек. УПМ..ама ова се учи на потешкиот начин ама битно ќе се научи кога-тогаш. Не постои апче или некој лек кој кога би го земале и одма ќе помине и така среќни и весели ќе си бидеме до крајот на животот. Во тоа е убавината на животот да ги славиш убавите моменти, но воедно и да знаеш како да ги пребродиш лошите.
Митко Сланинкоски
Останатите колумни на следниот линк.
(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)
Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.