Не е фер…Ништо на овој проклет свет не е фер. Во градинка додека одев не беше фер што некои деца правеа што сакаа поради татковците. И во основно и средно не беше ништо подобро. Некој се утепуваше од учење, некој си го ладеше и пак беше супер. На факултет некои цепаници што завршија одма се вработија, додека оние другите “попаметните“ седат дома. Да му се невиди еднакви сме во една работа, начинот како се раѓаме и начинот на како ќе заминеме од овој свет.
Не е фер овој живот што го живееме, оваа злоба што ја покажуваат луѓето, таа завист, лицемерие, да ти наштетат. Не е фер што ние сето тоа го гледаме и ќутиме. Ќутиме се додека не не заболи и додека не ни пукне филм, па да почнеме да ја збориме вистината. Не е фер што за некои не вреди ни да се трудиш. Без разлика колку ја збориш вистината некои луѓe не спремни и не сакаат да ја чујат.
Не е фер што низ градов има толку убави девојки кои трчаат по некои овчари, само што затоа имале пари и резервирале некое сепаре у некое диско.
Не е фер што луѓето прекинаа да се слушаат меѓу себе. Тоа воопшто не е фер. Најголемата утеха што некој може да ти ја понуди е брат: не се замарај, јебига, тоа е, ти си знаеш….
Не е фер што единствениот избор што можеме да го направиме, а тоа е да бидеш човек не го бираме.Тоа денес некој ретко го бира. Искреноста, отвореноста и добрината се на цена. Ги нема, отидоа.
Не е фер што понекогаш ги повредуваме оние што ги сакаме. А толку малку треба да направиме пак да им биде добро.
Не е фер што оние мали ситни зборчиња како : те сакам, ми фалиш, те молам, прости ми, ми значиш; кои не се толку сложени ама сепак тешко се изговараат, не ги употребуваме често.
Не е фер што сакаш да заборавиш некои луѓе ама едноставно душата не ти дава, посебно кога ќе се вратат и пак ќе бидат дел од твојот живот. Едноставно не можеш да продолжиш напред, зависноста и обземеноста се заебани работи.
Не е фер кога се чуствата во прашање. Тука нема контрола или самоконтрола. Не е фер што кога ти се спојуваат жиците во глава мислиш на неа по едно 100 пати во текот на денот, и со душа чекаш да видиш некоја слика од неа за да ти покаже колку е само најпрекрасна на светот.
Не е фер што пак те потсетува дека постои, те потсетува дека мириса исто, те потсетува дека си среќен те потсетува на убавите работи.
Не е фер што знам дека пак ќе замине и дека се ќе врати како што си било и дека пак ќе има тага и несреќа и дека пак ќе направи мал емоционален хаос
Не е фер што, што и да направам некои работи не можам да ги сменам.
Ќе извлечам поука ќе си дадам ветување дека нема пак да направам иста грешка и пак како слепец упорно ќе ја правам.
Аххххх…животот не е фер….ама се трудиме да го живееме најдобро што знаеме и умееме.
Митко Сланинкоски
Останатите колумни на следниот линк.
(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)
Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.