Чизкејк…

aleksandarСе маткам низ центар да утепам време… надвор времето катанга, мене ми се јадеше чизкејк… поштено си влегов у специјал си купив едно парче, го изедов и задоволно испив чаша вода… и добро… што е сеа тука страшното?

Пред да влезам имаше една бабичка седеше во специјал. Вообичаено седи пред специјал на клупите… денес врнеше дожд и снег, влегла внатре да не смрзне… една ствар што ме зачудила… никогаш не проси.

Носи некои стари кондури и црна јакна, лицето и е поцрнето од овој загаден град, кој она го гледа со други очи… кога влегов ја погледнав во очи, не ме примети ама видов… замор, замор од животот… несреќа, беда, срам… глад.

Знам дека беше гладна… самиот поглед кон храната на минувачите кои не ја ни погледнуваа ми објасни се… поминав, го нарачав чизкејкот го изедов… ама почна некако да ми се превртува низ стомак. Ме помина некоја госпоѓа која излезе со полни кеси храна… човеку купуваше храна за цел батаљон, по некоја грешка ми падна во очи нејзиниот новчаник… КОЛКУ МНОГУ ПАРИ ИМАШЕ ВО НЕГО, илјадарки еден куп, си помина покрај женичката со една фаца напуфкана до небо… ми се згади, да не беше незаконски ќе ја згазев со кола ДВА ПАТИ, толку ми падна жал кога ја погледнав бабичката како гледаше во храната едноставно неможев да издржам, ги извадив последните 50 денари од мојот деб и отидов до кај неа…

-Бабе сакаш ли нешто за јадење? Прашав…

-Не… ми одговори

Тогаш очите и се наполнија со солзи устата и се развлече надолу прљавите образи и поцрвенеа…

-Бабе кажи да ти купам нешто за јадење. И реков

-Не не несакам… ми возврати со растреперен глас.
Не сакав да должам понатаму… ми застана кнедла на грло и ми потекоа солзи се расплакав ко п***нце…

Ги оставив педесетте денари на масичката каде што седеше и ѝ реков

-Оди купи си за нешто за јадење.

Излегов… не почекав да каже ни збор, не сакав да ми каже ништо, само се свртев од кога излегов и видов како и светна окото… ги гледаше педесетте денари кој јас ќе ги потрошев за некоја глупост како да се којзнае што (не дека не се сепак немаат толкава вредност), не и се веруваше, цел ден поминуваат луѓе никој не ја ни погледнува, сум ја приметил и на клупата… секогаш на истото место… секој ден… цел ден.

Добро бе… толку ли да се нема осет? Никогаш не сум ја видел да проси… никогаш не сум видел некој да и даде нешто, така чисто за своја душа, а поминувам често. Ако не проси не значи дека несака да јаде, не значи дека не е гладна… пре би и дал на неа пари него на некој ром или македонец или било што кој го гледам здрав, прав, а проси… а бабата не, дури и одбива кога и нудиш, се срами…
А заразлика од неа градската пуфла полна кеш… како само би и го дрпнал тоа новчаникот и дим да ме њама… на неа и дошло до 50-100 денари? Озбилно? Имаше минимум 30 илјади у него… па да му е**м матер до толку ли да се нема емоции? До толку да се нема жал за некого? Да се нема кејф да се помогне на некого? Кој е тој комплекс што ги држи на страна? Што е тоа што ги спречува?
Или изглеа ние што немаме, рабираме како е да се нема… разбираме колку е тешко кога се тенчи и последниот денар…

Да имаш толку многу и да го трпаш цело тоа само за тебе е крајно нехумано… да не било делељето и хуманоста до сега ќе немало човечки вид на плаетава замислете така да си ја чувале храната и во праисториските племиња… не разбирам како нема емоција… како може да се толку отрпнати во душата? Што мислат?

Кога седиш ти во топол дом, а некој надвор мрзне помисли дали исто гледате на дождот кога врне? – Џака накот

Ел Риџо

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.