Вакво е вашето размислување, сериозно?

KokakolicarПред некое време го прочитав следново:

„Си правел добро – не ти признавале. Си сакал – те презирале. Си помагал – те газеле. Си бил искрен – те омаловажувале. Си правел СЕ за да не го изгубиш она што со толку труд си успеал да го стекнеш – не им било доволно. Си го жртвувал животот – за луѓе кои ни малку не го заслужувале тоа. Луѓе без СРЦЕ. Да имале срце барем малце би ги трогнало она што си го направил за нив. Но ако, јас сфатив. Велат од грешките се учи, а јас ја научив мојата, во животот човекот секогаш греши или сакаш повеќе или помалку сепак не омаловажувај и не повредувај, само ПАМТИ, а животот сам ќе му врати.“

Драги мои, ве молам, искрено ве замолувам да не верувате во овие глупости!

Да, сум го искусил сево ова горе наведено и се сложувам дека навистина постојат такви луѓе, но учење на некаква си лекција? Ти само памти, животот сам ќе му врати? Зарем стварно верувате во ова што го пишувате? Ако сте сериозни во ова, сигурен сум дека истото го немате доживеано. Ако сте навистина таква личност, личност што кога мисли дека некој заслужува, му се предава целосно, му ја дава целата љубов, внимание, поддршка, делиш смеа и солзи, делиш успеси и падови, тогаш тоа никогаш нема да се смени. Колку и да сте повредувани, кога повторно ќе се појави нова особа и ќе и ја дадете истата проценка, вие повторно ќе бидете истата личност, ќе се предадете подполно и повторо ќе го преземете тој ризик дека повторно ќе бидете повредени, искористени и омаловажени. Повторно ќе си ја отворите душата, ќе дозволите таа личност да ви влезе под кожа, ќе и дозволите да навлезе во вашиот живот толку многу, што да сака да ве повреди, тоа ќе биде најлесното нешто што го направила во животот. И се така во круг, повторно и повторно, памет никогаш нема да ви дојде, можеби ќе станете малце покрути, ќе внимавате малце повеќе за кои луѓе го правите тоа, евентуално ќе глумите и ќе се обидувате да бидете класични идиоти, ќе ја ставите маската на безчувствителна личност, но во ваш засекогаш ќе биде заробена таа добра и напатена душа која трпеливо ќе го чека моментот кога ќе искочи на виделина и повторно ќе се стави на ризик, по незнам кој пат да „прими шамар“ заради нејзината прекрасна природа. Искрено, ваквите луѓе, а тука се ставам и себеси, јас ги сметам за мазохисти, за мазохисти на кои самата нивна природа им налага да бидат токму тоа, мазохисти. Ги жалам сите што спаѓаат во оваа група, се мразам и себеси поради тоа. Но ете, на мои години неможам да зборам како ќе се одрази тоа на мене и на луѓето како мене во иднина, влијанието може да биде позитивно исто толку колку што може да биде и негативно. Но во едно сум сигурен, сигурен сум дека ќе ме направи посилна, подобра и поиздржчива личност и тоа ме радува.

Најтежок е првиот „шамар“, најнеочекуван е и највеќе боли. Боли и вториот, но не е толку ненадеен, но секој нареден е очекуван, боли со речиси еднаков интензитет, единствено што се намалува е времетраењето на болката. Со тек на време почнуваме сами да го „местиме“ образот за шамарот кој следува и секогаш сме изненадени ако не го добиеме истиот, иако ретко се случува. На почетокот по добиениот „шамар“ секој спомен, секое присеќање на убавите моменти со личноста која ви го подарила „шамарот“, е болно. Болна е помислата што знаете колку ви било убаво, колку сте уживале во тие моменти, посебно во оние што сте ги доживеале за прв пат во животот, се присетувате како сте се чувствувале во тој момент и самата помисла дека најверојатно нема тоа да се повтори со таа личности ве полудува и морам да  ви кажам дека сето тоа е поради себичноста во човековата природа. Секогаш мислите само на себе, како што можете да приметите во описот, секогаш се работи за вас.

Морам да ја споменам и помислата дека неможете да живеете без таа личност и дека никогаш нема да можете нормално да продолжите со животот од како таа личност ќе ја снема од истиот. Многу се лажете. Можете да живеете без секого, само помислете на деацата кои остануваат без родители. Таков е животот, несигурен, полн со промени, понекогаш суров, но останува само да се навикнеме на тоа и да го живееме како што сакаме се до оној момент кога ќе ја изгубиме контролата врз него и од нас ќе останат само делата и спомените. Затоа, не го губете времето на луѓе кои решиле да ве заборават, само трудете се кај тие истите и кај сите други луѓе да оставите нешто по што ќе ве памтат.

Како за крај, сакам да ви се извинам за поинаквата природа на оваа колумна, за разлика од останатите под мое авторство, никогаш не сакав да пишувам на вакви теми, иако ги има многу, но делот што го цитирав на почетокот ме испровоцира да ја откријам реалноста. Ветувам, ова нема да се повтори!

Le Me, Кокаколичар Еден Низаеден

 

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.