Недовршена приказна

mitko1Долго време се обидував да најдам инспирација за тоа што би пишувал следно. Седев, чепкав по интернетот, читав весници, разгледував портали, гледав телевизија барајќи ја вистинската тема. На крај ми текна..Ќе пишувам за НЕА. Ах..смешно, тука ми беше цело време пред мене, па има ли поголема инспирација од тоа да пишуваш за НЕА. Се сеќавам кога ја запознав. Добра вечер беше таа. Чудно е само колку простачки се залетав.Се залетав како пензионер кога ќе види празно столче во вторник. Да ме праша некој што видов, нема да знам што да кажам, само ќе кренам раменици и ќе одмавнам со рацете. Тоа што го гледам не може да се објасни, а сум се потрудил да објаснам, да дефинирам, да дадам вовед, да дојдам до средината за на крај да дојдам до заклучокот. Имаше нешто чудно во таквиот однос. Секогаш фалеше нешто. Го знаете она чуство кога гледате дека не е добро, дека треба да прекинеш и да си отидеш и притоа да отераш се у п.. матер. Ама тогаш се појавува она мало наркоманче во вас кое иако знае дека дрогата е штетна дека го уништува, но сепак очајно му треба.

Крајот е секогаш добар… барем така се чини на прв поглед. И тешко е ама и лесно е. Тогаш се јавува мажот во тебе. Си викаш, море па не е ни прва ни последна. Кој ја врти, нека иде нека крши глава. Имам ја на лагер многу други,ако мисли дека ќе се замарам се лаже. Кога би размислил и подобро не се ни поздравувам, не сакам да бидам на иста маса, гајле ми е сега го бришам бројот, СМС пораките и се што ме потсеќа на неа. Вечер ќе отидам некаде ќе се настегам 6-7 дупли коњаци и ќе бидам хиена у диско. Добро звучи нели додека не ја видите. Тоа е оној момент кога вртиш глава и си викаш не ме интересира, за потоа да го свртиш погледот накај неа и да ја гледаш долго долго без да се поместиш. Тогаш сите оние принципи што си ги кажал пред огледало одат по ѓаволите. Како што би кажал Д. Лешовски можеш да си начукаш принципите у гз. И сакаш пак да и се јавиш, и да ја чуеш, и да ја прашаш како е. Сакаш само да прекине да излага со некои тиквари зошто местото и е тука покрај тебе.

И на крај пак се враќаш на почетокот, ама и таа се враќа исто така. Се врати поубава отколку што била. Интересно чудна ситуација. Па дури и бакнежот е ист, мирисот и е ист и страста е иста, ако не и поголема. Што се смени, ти си истиот, зошто таа пак се врати назад. Дали и таа сфати можеби некои работи. Се е исто и ништо не е сменето. Таман си успеал да заборавиш, се појавува некој и не ти дозволува. Не те пушта. Не е на арно, пак се чуствувам како пензионер што бара столче во автобус на ЈСП. Сменета ли е ?? Истата ли е?? Ќе го направи ли истото како претходно?? Пак ли ќе избега како порано??  Ќе се отвори ли малку да го покаже она што сакам да го видам?? И еден мал милион глупи прашања поставени во глава што немаат одговор. Сомнежи милион, одговори малку. Да му е..м не чини ова. Глававата ти е како Чернобил, секој момент ќе пукне. Ама ако вреди да се обидеш. На крај краева сепак никој не може да знае каква ќе биде оваа недовршена приказна. Надежта е кон подобро.

Инспирирано од секојдневниот живот

 

Митко Сланинкоски

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.