Како се пишува колумна?

shoshko3111Не, навистина ме интересира, сериозно прашувам!

Многу ме фрустрира фактот што немам многу лајкови на колумните. Исто така ме фрустрира и тоа што мислев дека многу ми се јаки текстовите, а всушност ич да не ти биле. И фино е вака кога човек си е самокритичен и си ги согледува работите сам. Полесно е така, отколку да ти укаже некој дека си тиња. Не сум, нели?!

Од денес натаму ќе пишувам исклучително глупави и нерелеватни текстови.  [(Читај се мори што кажа. Кој критериум си ти за паметни текстови? А?) – Се извинувам, мислам дека имам биполарно нарушување. Wow како страшно вака звучи. Кај нас го викаат „си зборам сам со себе“]

Сакам да ме лајкнуваат, о како сакам да ме лајкнуваат. Патетично го посакувам вашиот лајк и шер и твит. Уште сум од оние старомодните кои се срамат самите да си ги лајкнат текстовите (и сликите на Фејсбук, и видеата, и статусите).

Ама со мрчење стигнав само до 100 лајка (и тоа на првата колумна, што докажува дека од култура ми ја лајкнале или да не плачам).

Читам и гледам каде грешам.

Прво – внимавам да имам граматички и правописни потковани текстови. Јок бре брате! Не е во тоа магијата. Од сега натаму ќе си пишувам како што ќе ми се „ројат“ мислите.

...Пак ли овој си го лајкнал статусот… Што сака мајка ми сега? Чекај текстов да го завршам…заврна пак….неисе, што сакав да кажам? Мачкава сега јадеше, што ми мјаука пак? После „и“ не се ставаше запирка? Оваа од МТВ што коментира се` живо, пак ли ќе коментира Евровизија?

Второ – сакам да се правам паметна со хумор и сарказам (кој е еволуиран до степен што ме сметаат за троа приглупа) кој очигледно не е прифатен. На почеток некој ми имаше оставено коментар „баш ме интересира што треба за да се напише колумна“. Криво ми е што не одговорив, ама пријателе очигледно правопис не, граматика не, креативност ич….Ништо, само отвори си ворд и е*и и матер на тастатурата.

Трето – колумна не е есеј за во школо, ниту приватен факинг дневник. Или можеби е. Некој тука нема поим. А тој некој *покажувам кон себе* што има 10 лајкови не смее да си дозволи да се занесува, кога очигледно љубовно-сексуални фрустрирани кукмјавчења те носат автоматски до 100+ лајкови. Е што да правам бе? А? Па срам ми е за такви работи да пишувам, ме чита фамилија и пријатели.

Четврто – Како сакам да ми ги сакаат колумните кога му пишувам писмо на Дедо Мраз во мај? Што не е во ред со мене бе? Дедо Мраз не постои – автоматски останаа да и` тежат на земјава сите медиокритети и полуписмени луѓе што му реков уредно да ги згрижи некаде.

Петто – Абе мене насловот на секцијата ми е на англиски (на кирилица додуша…ама пак). Оффф….па затоа бе…Сама сум си крива пак. Ако ми е!

П.С Текстов и` го посветувам на другарка ми која наскоро ќе стане доктор. Ја чека куп работа. Ама тоа не е за лајк. Мислам, за неа е…

 

К. Шошко

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.