Патувањето кон иднината

pemperИспрати ја љубовта во иднината. Испрати го сето она што го посакуваш во една далечна зора. Прати го таму сонцето, да го осватлува новиот ден. Патувај во потрага по среќата.

Во куфер понеси ја вербата. И ќе сфатиш. Среќата е во малите работи. Ќе ја најдеш во најмалото камче на патот. Фрли го во вода и гледај ги кругчињата што се формираат откако ќе потоне. Со тек на време тие стануваат се поголеми и поголеми…И на крај исчезнуваат. Како со каменот, така е и со сите чувства…

Кралството на рајот ќе го пронајдеш во пролетните цвеќиња. Во нивниот мирис. Испрати ги во иднината засекогаш да те потсетуваат на среќното детство.

Испрати во иднината сето она што е невозможно. Сите невозможни желби. И ќе се појават на патот кога најмалку очекуваш. Испрати го семето на успехот. Закопај го во најплодната земја. Секој ден полевај го со труд, за потоа да гледаш како тој расте и расте…

Испрати ја месечината, за да биде твојата светла точка во најмрачната ноќ.

Испрати ги своите лузни од минатото, за да бидат причина за твоето сегашно и идно однесување.

Испрати ги сите ветувања и исполни ги до самиот крај на патувањето. Бидејќи ова време не е за нас. Сега сите се сомневаат едни во други.

Ова е време кога се уништуваат сите кралства и започнуваат нови војни.

Ова е време кога омразата секогаш се покажува, а потребата и љубовта се кријат како најголем грев.

Време кога религијата е само осудување и причина за несогласување.

Време кога на врвот се луѓето со најмногу кажани лаги, а оние искрените се се во помал број.

 

Ивана Пемпер

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.