Дремам дома… лето, 40 степени, нема никој надвор, досадно на фејсбук… од игри преку глава, за промена решив да пуштам телевизија…
И како по 100 се заебав само поише се депримирав… не за друго… само сфатив дека од цела можна програма на документарни филмови, научни филмови и останати паметни ствари ние емитуваме спотови од 2003/4 година и тоа снимки од ФАКФЕСТ (ооооова макфест (како што би рекол жаре од 1 на 1)). И така депримиран, менувам од прва на 2ра… таму албански, ништо не разбирам така да не ни коментирам, трета… СОБРАНИСКИ КАНАЛ?! 24/7 политички препукавања и вадење џигери… сеирџиски канал ајт јабана. Четврта станица Канал5, цитирам: „Мешовитата родителско-полициска патрола шеташе низ скопските населби и забележа малолетници како конзумираат алкохол по полноќ“… ОЗБИЛНО??? Што не сте отишле во дискотека се кладам дека по шокантни ќе ви беа резултатите (Белото им показа т`мната стрнана – АПСУРД -БГ. хип хоп група) … Петта станица… Сител, ЧАО на латас ајфонот (да бе да го пишав со мало л нема потреба од големо…), турски серии и што е најстрашно СИНХРОНИЗИРАНИ… доволно е да посочам нема што да коментирам, ЧАО-АДИО… Шестти канал Телма, Филм од `63. Седми Алфа… опа нешто паметно се најде…. АХ НЕ ПАК РЕКЛАМИ. Осми канал 24Вести… 24 часа ти викаат добар ден и после во наредните 40 минути ти објаснуваат уствари зашто не ти е добар. Аееееее преку… од македонскиве канали. Триесетти канал Дискавери… оооопа митбастерс, еве 45 минути поминати со нешто паметно, топ, заврши митбастерс идеме натака, 32 Дискавери Сајенс (Discovery Science)… How its made… профи емисија за тоа како се праат различни работи од нашето окружување… +30 минути сузбиена досада, и така натака на странскиве канали све по нешто интересно се наоѓа… ОК, и што сеа?
Е ова сакам да посочам, телевизијава ни е ОЧАЈНА. Плаќаме радиодифузна такса, а не гледаме македонски канали воопшто, тоест и да сакаме да гледаме… што ке видиме?! Турски серии, фалширани вести, Адриана Алачки (Мххх мХХХХХ мххх) , Доктор ОЗ и КУП БЉУВОТИНИ И ЗА КРАЈ… ДРАГАН ВУЧИЧ со некој страшно глуп квиз за луѓе со страшно ниска интелегенција. Не дај боже нешто паметно да пуштат, не дај боже да одкупат екслузивни права за емитување на некоја серија… а не кутрите симнати од торент, па нема HD резолуција, кога цел свет уште малку ке помине на 3D телевизија… Која е поентата да се пуштаат спотови од 2001/2/3 кога музиката и спотовите одат напред… и што е најиронично 2013 Е! Постојат дигитални снимки немора да ги пуштате од VHS (се надевам повеќето знаат што е VHS)!
И тоа што ми е најсмешно од се… Различни вести на различни канали различно представуваат една иста вест… едните ја закривуваат и ја прават позитивна, другите ја криват и ја прават негативна… Според едни пилци пеат според други се отвара пеколот и не голта сите…
Турски СЕРИИ, кога ќе ги слушнам гласовите на надсинхронизираното каде што во позадина има тишина и не се слуша ништо, исто како актерите да праат муабет у тишина… амбиентална бука 0… чудо у Турција не се дешава ништо околу тебе дури зборуваш, и нај трагичното јазикот е толку изобличен и толку неприроден што е дури и неподнислив.
За крај морам да го додадам и ова… кога се зема некој да снима реклама каде што треба да се зборува на англиски, се прави кастинг и добива улога тој што има најдобра дикција и акцент… тука, нееее бре братко, од улица ги собрале, ниту знаат да зборуваат ниту имаат акцент, ај да немаат никаков акцент и да зборуваат мртво… ама на англиски да зборуваат со македонски акцент? -Ах таа моја чудесна земја…
Stay tuned for your next Риџо update
Ел Риџо
Повеќе од Ел Риџо на следниот линк.
(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)
Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.