Im on a highway to hell

KokakolicarПриметувам во последно време луѓево се „преплавени“ со чувства. Сигурно секој од вас приметил, а може и е дел од оние кои постојано на facebook статуси опишуваат чувства. Епа сакав за момент да станам еден од нив и да опишам едно чувство. Чувството кога грешиш, но не случајно! Чувството кога знаеш дека грешиш!

Чувството кога си свесен што правиш, колку е тоа погрешно, ги знаеш последиците, но сепак го правиш тоа. Мене ми се допаѓа тоа чувство. Мозочната активност во тој момент е голема, дозата на адреналин во телото постојано расте, срцето бара пат низ градите за да излезе, се додека не дојде моментот кога се „исклучуваш“, не размислуваш, туку инстинктивно го правиш она што си го наумил. Е тоа чувство е чувство за почит! Е, потоа доаѓаат последиците и не секогаш е сеуште интересно. Дообро, се е до човекот, има разлика од човек до човек. Нормално, не треба да се претерува, да се внимава на некоја си граница и да се обидеш да не предизвикаш некоја поголема штета на самиот себе, на луѓето околу тебе, на некое трето лице или пак на околината, но како би било сите да бевме така фини и добри, културни и прибрани и да живеевме живот по правила наложени од некој друг? Сигурен сум дека ќе беше премногу досадно. Живот со строги лимити, boooooooring! Границите си постојат, но мора барем мааалце да се „цапне“ од другата страна на линијата, да се осети она што го објаснував на почетокот, па сеа ако тоа ве прави лош човек, тогаш добрите луѓе сигурно се изумрен вид.

Тука би ги вметнал и гревовите, како грешки со умисла. Колку пати секој од вас посегнал по нешто што представува грев, изговорил или барем помислил „ќе горам во пеколот заради ова“, но сепак го сторил? Доколку има некој негрешен, баш би сакал да ме исконтактира и да поминам 24 часа во негово присуство, да видам како е да се биде „чист“. Па незнам дали би било интересно да бидеме сите „чисти“, па и не е џабе измислена онаа нашата „во рајот е ок, но во пеколот е забавата“. Се согласувам, потполно сум сигурен дека би сакал да го преземам тој ризик, вечност во пеколот, доколку гревовите, па дури и оние ситни, навистина таму водат.

Искрено, јас лично па и не верувам во рај и пекол, небеско царство, гревови како shortcut-и до пеколот и слично, но доколку навистина постојат овие работи, пеколот не ми бега. Охоооо, сигурен сум дека веќе имам загарантирано место таму и само на мене се чека. Луци со душа ме чека и си ги трие рацете на секој мој нареден грев, поместувајки ми го столчето се поблиску и поблиску до огнот. Барем јас ова вака си го замислувам. Да не се разбереме погрешно, станува збор за оние помали, поситни, гревчиња, кои ги правиме секојдневно, некои помалце, некои повеќе. Па добро, можеби и малце поголеми, но да се разбереме, почитувам шест од десетте божји заповеди, но не затоа што така налага библијата, едноставно, се сложувам со истите.

Различни религии, различни богови, различни верувања, различни правила, но што е навистина правилно? Сите им даваат различна важност на различните правила, никако неможат да се усогласат и да решат што е навистина правилно, а што не и да создадат некоја хиреархија на тие правила. И сите се борат да го наметнат тоа што нив им одговара и така до недоглед. Ма баталете ги сите и тие се обични смртници, што се тие, а не се другите па да налагаат некои глупости, правете што ви се прави, не предизвикувајте туѓа штета, но гледајте да бидете задоволни, фокусирајте се на важните работи во животот, но понекогаш преминете ја границата и направете нешто навистина глупо, грешно и без целно. Пробајте се, пронајдете ја вашата граница и обидувајте се да ја проширите, но кога ќе дојдете до работ по кој дефинитивно следи бездна од која нема излегување, е тогаш дефинитивно морате да застанете и да се помирите дека следниот чекор е премногу опасен. Е сега ако сте премногу снаодливи и упорни па успеете да изградите мост кој ќе ве однесе до некоја друга рамна површина, тогаш сте навистина незапирливи и би било апсурдно некој да се обиде да ве сопре.

Живејте брзо, но внимателно, грешете, но не наштетувајте никому, не размислувајте премногу „што потоа?“, верувајте во себе, создадете свои правила и живејте по нив, па кој знае, можеби ќе најдете и следбеници! Уживајте!

 

Le Me, Кокаколичар

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.