Кафе „Мафе“ муабети

aleksandarСите пиеме кафе (добро де ајде 90%)… со цигара без цигара, со друштво, сами, од кејф, од досада, од поспаност, од главоболка. Пиеме секакво кафе… турско, нес, макијато, еспесо, мокачино, сиктер кафе, лошо кафе, благо, горко, средно… се тоа се склопува во една огрома целина наречена КАФЕ…

Има неколку вида на пијачи на кафе… кофеинохоличари (како мене), друштвени пијачи, сабајлечки пијачи и кафич пијачи на кафе. Кофеинохолиците пијат кафе цел ден не е битно дали е сабајле, попладн,е пред спиење или кога стануваат од спиење, кофеинохоличарите уживаат во кафето, тие би испиле и 10 кафиња во денот… го можат тоа поради тоа што кафето нема никаков ефект на нив (пијат кафе и легнуваат да спијат…) тие кафето го пиат чисто за кејф. Друштвените пијачи на кафе… тие пијат кафе со екипата не е битно дали е нес турско или што и да се пие… (дај шта даш). Сабајлечките пијачи на кафе… тие пијат по едно кафе во денот… сабајле и тоа е тоа нема што да се објаснува… Кафич пијачите пијат кафе само во кафич пошо дома незнаат сами да си напраат или не им е интересно или можеби едноставно немаат желба дома да пијат. Феноменот СИКТЕР КАФЕ се појавува во непријатни ситуации, а веќе има кафе пред вас… и следува муабетот – Ај да допиеме кафево и да бегаме.

Но, сите пијачи ги сврзува една допирна точка… Муабетот (кај некој повеќе, кај некој помалце), на кафе се вртат секави муабети почнувајки од минатиот одмор од пред 3 години до најтешките оговарања. Муабетот за време на кафето се одвива во неколку фази почнувајќи од полната чаша, па надолу би се обидел да ги расклопам во овој текст…

Фаза Еден

Чашата е полна, сеуште се немате напиено од неа, тука се муабетите од типот на што праиш/како си? Што има ново? Па се објаснува што има ново, како сте, што се случува во последно време, топ новостите во друштвото, или кратка ревизија на минатата вечер.

Фаза Два
Упаѓа некоја чудна вест… нешто ново за некого, некоја глупост.

Фаза Три

Се разврзува чудната вест, се расклопуваат личностите во неа.

Фаза Четири

Почнуваат особите од веста/глупоста/новоста да се рагледуваат како единки.

Фаза Пет

Почнува да се збори за единките – ова е воедно и една од поинтересните фази, тука се вадат муабети од пред 10 години… се истакуваат глупости понекогаш се преувеличуваат, понекогаш се минимизираат, понекогаш се иронизираат, али не е битно, битно да се врти муабетот нели?

Фаза Шест

Тука е пресвртот… или почнува да се разговара за нешто во кое сите единки се заедно или се издвојува една… ако продолжи муабетот колективно за сите учесници во случката тогаш фаза пет е крај, ако не фаза шест е вообичаено јадење трици за некого (е ај сеа не тегнете за јазик да кажам јадење…), тука паѓаат тешки муабети, исмевања и останати карактеристики на јадењето… трици за некого, во оваа фаза другарството не е битно, трици јаде секој за секого, ама најсмешни ми се девојките… Седнати на маса најбоље другарки заедно јадат… трици за сите, али у меѓувреме една со друга неможат да се смислат, позади грб со тенк се чекаат… ама на кафе најбоље другарки се… – Леле мацииии да ти кажам за вчера…  мајкоооооо тука какви муабети почнуваат… да ти се згади, на 18 ко баби од 78 почнувајки од на фризерката ќерката завршувајќи со на бакалот внукот… муабети извадени од патика.

Фаза Седум

Тука се при крај со кафето и се разврзува темата на муабетот од фаза шест…

Фаза Осум

Тука се оние муабети од типот што ќе праиш утре?  Или кога да договориме кафе пак? (оваа фаза може да се надоврзе на фаза пет.

Од прилика тоа е тоа вака изглеа еден просечен муабет на кафе… Кафето ги спојува сите ги инспирира да комуницираат или пак едноставно да се видат во реалниот живот пошо на ФБ сите се другари нели?  Кафето пред се треба да биде кејф… па после се друго.

Ајде на кафе !

Ел Риџо

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.