Фејсбук Будалаштини

mitkoИнтернетот значително го промени животот во 21 век. Се отворија многу можности за фирмите, за големите корпорации, за усовршување, надоградба на нашето знаење и познавање за работите – со еден збор ни се отвори нов прозорец кон светот. Во 2004 година се појави нова социјална мрежа која имала цел да востпостави комуникација низ универзитетот Харвард за подобро дружење и запознавање на студентите. На нивните основачи воопшто не им паднало на памет дека за речиси 5-6 години од создавањето на новата социјална мрежа Фејсбук ќе имаат една милијарда корисници.

И кај нас во Македонија е многу популарна. Се претпоставува дека има повеќе од 900 илјади корисници. Толку многу сме навлечени и зависни што повеќе не се прашува дали имате телефонски број, се прашува дали имате Фејсбук зошто таму ви се сите податоци кои може еден човек да ги добие. Таму објавувате се: каде живеете, од каде сте, колку сте стари, ви се гледа каков ви е карактерот по содржините што ги објавувате, на дел и телефонските броеви, каде сте биле на одмор, што правите – едноставно со еден збор целата приватност им е на дланката на другите. Грешката ја правиме сите, Јас, вие, пријателите што ги познавате. Тоа нешто е како тренд, нешто што тешко може да се смени. Експерите сеуште не можат да одлучат дали користењето на овие социјални медиуми е корисно, дали не е, ќе остане на времето да покаже. Но, темата на оваа колумна е малку поинаква. Во продолжение сакам да ви дадам примери за типични Фејсбук Будалаштини и за начинот на кој луѓето низ светот го користат Фејсбук. Да почнеме со ред.

Постојат некои луѓе кои сакаат Фејсбук, и постојат други кои навистина им се допаѓа  Фејсбук. На пример една жена од Холандија која е идентификувана како “susyj87″ на нејзиниот YouTube профил, има видео 90 од секунди од завршувањето на нејзината “социјална тетоважа”, која вклучува 152 од неа “најблиски” Фејсбук пријатели. Во описот на видеото, таа пишува: “Се разбира дека многу размислував на оваа тема … За мене тоа претставува која сум јас во моментов и времето во кое живееме”. Знак на жалење во три … два … еден …

Друг случај ни доаѓа од Англија. Еден млад дечко сакал да ја посети девојка му во Ирска, но бидејќи аеродромот е од помал обем и се вршеле реконструктивни зафати летовите биле одложени на неодредено време. Затоа овој во знак на бес на неговиот профил се заканил дека ако не го оспособат аеродромот ќе го бомбардира. Можете да погодите што му се случило – добил обвинение за тероризам, несвесен дека сите безбедности агенции во светот го надгледуваат Фејсбук. Но, не го надгледуваат само безбедносните агенции, туку и полицијата. Така да во категоријата на најглупави криминалци може да влезат и оние што се фалат со својот плен, а притоа заборавајќи дека со препознавање на лицето може во секое време да се открие за кој и за што станува збор.

Друг случај ни доаѓа од Египет каде едно семејство ја имаат крстено својата ќерка Фејсбук. Оргинално нели!!?? Можете да се запрашате што ќе се случи кога девојчето ќе порасне и ќе почне да се дружи со нејзините врсници. Тука е еден војник кој е задолжен за безбедноста на кралското семејство. Имено, тој исфрустриран што мора да стои долго време на нозе ја има наречено принцезата Кејт Мидлтон глупа крава и со тоа заработи исклучување од кралската гарда, како и покренување на обвинение од министерството за одбрана. Друг феномен што го има на социјалните мрежи е дека луѓето сакаат да објавуваат работи на Фејсбук. Посебно кога се работи за убави работи, како свадби и секој среќен момент од нивниот живот. Но, во САД во државата Мичиген еден маж објавил слика со купениот прстен на неговата жена. И тоа се било во ред се додека неговата актуелна жена не го видела тоа и притоа го пријавила случајот во полиција каде што тој бил обвинет за Полигамија.

Најчесто кога сакаме некого да викнеме на забава денес тоа го правиме многу лесно. Само со два клика на маусот ги покануваме најблиските пријатели и сме ја решиле работата. Нема праќање пораки, јавување по телефони и други глупости. Е во Германија девојче по име Теса заборавило да ја подеси приватноста на својот профил и ги поканила сите да дојдат на родеден. И замислете се појавиле 1500 луѓе кои подоцна со помош на полиција морале да бидат избркани.

Има вакви уште многу примери низ светот со најразлични приказни и примери од целиот свет. Од менување имиња во чест на Фејсбук или знакот Лајк, до ставање на тетоважи или правење на слики на најопасните места во светот се со цел собирање на повеќе лајкови. Неспорен е фактот дека Фејсбук има големо влијание во светот. Преку него се пренесуваат пораки, се рекламира бизнис секторот, тука е слободата на изразување како и поголема блискост со пријателите и роднините. Но од друга страна се губи онаа малку човечност што ја имаме, не се гледаме повеќе, споделуваме се електронски, нема средби и пред се ја откриваме нашата приватност. Како што кажав и погоре, дали е негативно или е позитивно останува на времето да покаже.

 

Митко Сланинкоски

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.