Фудбалската федерација на Македонија организира отворен ден за посетители во „Куќа на Фудбалот“

Инвестирањето во развојот на младите фудбалери и во подобрување на фудбалската инфраструктура и понатаму ќе биде приоритет.

Kuka na fudbalot

Утре, четврток, 14.јули, од 10:00 до 12:00 часот, Фудбалската федерација на Македонија организира отворен ден за посетители во „Куќа на фудбалот“. По тој повод сите љубители на фудбалот, млади и возрасни, искрени поддржувачина македонскиот фудбалкои имаат интерес да се запознаат со комплексот „Куќа на фудбалот“ и да бидат директно информирани за различните активности на федерацијата, ФФМ ги поканува да дојдат. Тие ќе имаат можност да се запознаат со инфраструктурата во комплексот, да ги видат терените, да се запознаат со луѓето од администрацијата, селекторите,да разговараат со претставници од ФФМ и да добијат комплетна слика за работењето на федерацијата и активностите кои ги превзема.

Фудбалската федерација на Македонија со оваа активност покажува отвореност, транспарентност и проактивност, покажува дека и значи мислењето на јавноста и дека е отворена за промени кои се во интерес на развојот на фудбалот, а декаинвестирањето во развојот на младите фудбалери, во стручните кадри, како и во подобрување на фудбалската инфраструктура и понатаму ќе биде приоритет на работењето на ФФМ.

“Фудбалот е најпопуларниот спорт, а за повеќето и најважната споредна работа во животот. Спорт кој бара посветеност, позитивна енергија за фер натпревар, отвореност, взаемно почитување и тимска работа. Токму со цел да ги поддржиме овие вредности и да помогнеме во создавањето подобра отмосфера во и околу фудбалот во нашата земја, Фудбалската федерација на Македонија утре ќе организира отворен ден за посетители. Отвореноста и транспарентноста, како и домаќинското работење, со посебен акцент на развојот на младите категории, е наш приоритет и за што нештедејќи се залагаме. ФФМ реализира различни проекти поврзани со фудбалоти токму со нив сакаме да ја запознаеме јавноста, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.