Интервју со Кимов Никола: Љубовта кон фудбалот никогаш не згаснува, се што треба е волја и трпение за овој спорт

Кимов Никола е талентиран млад фудбалер кој може да биде иднината на македонскиот фудбал. Своевремено еден од најуспешните кадети во фудбалскиот клуб Победа – Прилеп.

10922226_941992425811453_486787186_n

1.    Фудбалот е еден од омилените спортови кај машката популација. Многу млади започнуваат со овој спорт од мали нозе – кога за прв пат започнавте професионално да се занимавате со фудбал?

Професионално со фудбалот започнав да се занимавам од мојата четиринаесета година, најпрво започнав да се натпреварувам во фудбалскио клуб Снупи  од Велес. Настапувавме на еден турнир на ниво на Македонија кој што е доста познат, се нарекуваше Јуниор куп. Резултатот во секој случај беше добар, имаше моменти кога ќе загубевме – некогаш кога победувавме во натпреварот, но сепак беше прекрасно искуство а резултатите сами по себе доста добри.

2.    Која е причината за трансферот од ФК Снупи да заминете во ФК Победа?

Една од главните причини да заминам од фудбалскиот клуб Снупи во фудбалскиот клуб Победа – Прилеп е тоа што градот беше еден од најспортските градови во Македонија, меѓудругото Победа – Прилеп  беше и шампион на Македонија во првата македонска лига таа година кога  влегов и јас во овој клуб. Се разбира сатисфакцијата кај мене беше тоа што сакам да бидам дел од фудбалскиот клуб Победа.

3.    За време на твоето четиригодишно членство во ФК Победа, доби ли можност да се натпреваруваш- и во која позиција беше во тимот?

Бев член четири години, две години се напреварував како кадет – а две години имам настапувано со младинците на фудбалскиот клуб Победа – Прилеп. Имаме настапувано во прва македонска лига на кадети и младинци на  ниво на Македонија. Секако дека имаме успех –  самото настапување во првата македонска лига каде што освоивм четврто место, а исто така имаме и доста добар  успех со играњето во купот на Македонија против екипата на Работнички – Скопје.

4.    Кој е твојот најважен одигран натпревар до сега?

Натпреварот во Велес, заедно со екипата на фудбалскиот клуб Снупи – Велес против екипата на Напредок, како и четвртото место  на ниво на Македонија. И тука ќе го напоменам повторно еден од најдобрите натпревари кој што го имам играно во купот на Македонија каде што претходно ја победивме екипата на Работнички, а потоа малку ни фалеше да се пласираме во финалето на купот.

10937756_941992392478123_704603445_n5.    Има ли влијание врз вас фудбалерите, кога на стадионот има 200, или 2. 000 публика?

Секако дека има влијание – и тоа е огромно. Разликата дали ве следат 200 или 2.000 е огромно. Имав можност да настапувам пред доста голема публика, што за наши македонски услови е зачудувачки, тоа беше за време на настапување  за одлуката за прво место помеќу Снупи и екипата Марфил од Прилеп, нстапувавме пред 4.000 публика.

6.    Вложува ли доволно државата во спотртот или спортистите се оставени самите на себе?

Ова е едно од најчестите прашања кое што е поставувано, и во секој сегмент мора да се спомне државата. Не знам колку државата вложува, и не знам како сето тоа клубовите го прават, но сепак  заангажираноста на државата за фудбалот е  многу мала, и сметам дека  треба многу внимание да се обрне на овој спорт. Бидејќи еве гледаме како се постигна голем успех со ракометот и кошарката, така доколку се вложи и во овој споррт сметам дека ќе имаме видни резултати, а и верувам во тоа. За време на моето четиригодишно  искуство во Победа – Прилеп моите родители се тие кои ме финансираа, но сепак беше доста тешко да се издржи, но љубовта кон фудбалот во тие години не ме напушти.

7.    Што е она што треба да се жртвува за да се успее во фудбалот?

Пред се волјата на еден млад човек – да го сака тој спорт, бе зразлика за кој спорт станува збор. Сепак младиот човек ако се одлучи за некој спорт потребно е да има голема волја и трпение. И секако пред се финансиски на самиот почеток е потребно да се биди подготвен. Фудбалот сам по себе бара многу трпение и посветеност. Секојдневни тренинзи за кои што потребно е да се размисли два пати како времето ќе се распредели. Се разбира голем дел од времето потребно е да се помини на терен, многу падови за да се стигне до посакуваниот успех. Сметам дека секој млад човек кој што сака да се занимава со овој спорт – потребно е да има поставено цел пред семе, доколку тоа не постои се друго ќе биде залудно потрошено време.

8.    За време на големите фудбалски првенства сите се препираме меѓусебно за дерби натпреварите, за кого навиваш ти?

Доста убаво прашање. Точно така за време на лигата на шампиони  вниманието на машката популација е свртено кон малите екрани, јас навивам за еден од најголемите клубови во светот Манчестер Јунајтед.

9.    Кој е твојот идол?

Имам повеќе, но секако тоа е Кристијано Роналдо, меѓу кои и Руни.

10.    Планираш ли да продолжиш да се занимаваш професионално со фудбал?

Веќе трета година како не се занимавам со фудбалот пред се  заради здобиените повреди, финансиските средства, како и образованието.