Најновата епизода од популарната сатирична политичка емисија “ЛајТме“

Lajme

Во најновата епизода од популарната сатирична политичка емисија “ЛајТме“ можете да гледате:

Од владата сакаат врнежи да има, за да ги измие боите од шарената револуција. Дождот осамна, бојата остана. Зошто после пикник кај нас се случува еколошка катастрофа, па и не сме Германци на први Мај да протестираме и онака никој не работи. Денот на слободата за медиумите оваа година  го прославивме како во Сирија и Ирак, а заедно сме и со Авганистан и Бангладеш.

Во Лајтме ќе ве насмее познатиот битолски актер и стенд ап комичар Марјан Ѓорѓиевски како и актерот Фисник Зекири, каде низ хумор и една поинаква диоптрија ни се прикажуваат настаните во Македонија. Свој печат остава и актерот и режисер  Бесфорт Идризи за да гледаме вистинска парадија на настаните во Македонија.

Лајтме оваа емисија е и во селата во Македонија.

Слупчане е едно историско и легендарно село, со средовечни услови за живот, но намерно е тоа така за да биде во историска состојба. Разбирате? Овде намерно се сопира времето. Значи, во ова село нема потреба да се трошат милиони од народните пари, како по некои етно села или пак и други градови кои сакаат да изгледаат историски. Гледајте вистински вести на Лајтме, на ТВ Шења, понеделник во 19:30 часот. Видео од последната емисија: