Секојдневни навики кои ќе придонесат да бидеме посреќни

Понекогаш дреболиите можат да ни помогнат да стекнеме здрави навики и да се чувствуваме подобро. Еве неколку совети што ќе ви помогнат да бидете поздрави, а со тоа и посреќни.

sreka

Победете го гладот во понеделник

Засилената потреба за брза храна која повеќето луѓе ја чувствуваат во понеделник е последица на прејадувањето за време на викендот. Зошто? Палмитичната киселина, која е составен дел на заситените масти, може да предизвика прекумерна стимулација на центарот за чувство на ситост, а тоа може да трае 2-3 дена. Згаснете го гладот така што на работа ќе носите здрави ужини за да избегнете грицки и хамбургери.

Разладете се со чај од билки

Кантарионот е познат антидепресив, но откриено е дека ублажува и валунзи. Докажано е дека пиењето чај од кантарион во период од два месеци доведува до редуцирање на валунзите во текот на денот за 50%. Експертите веруваат дека ова својство на кантарионот е последица на дејството на фитоестрогенот. Сепак консултирајте се со лекар пред да почнете да го консумирате.

Засилете ја мотивацијата

Ако ви е тешко да одржувате одредена динамика на вежбање, слушањето музика може да ве мотивира. Научниците открија дека омилените тонови можат да ви го одвратат вниманието од физичкиот напор и да предизвикаат прилив на адреналин во организмот. Но немојте да слушате премногу гласна музика за да не си го оштетите слухот.

Кадифено мече за мирен сон

Најновите истражувања покажуваат дека 30% жени се уште спијат со кадифено мече! Психолозите го објаснуваат тоа со фактот што овие слатки животинчиња предизвикуваат чувство на сигурност, смиреност и на утеха, а потребата за тоа е длабоко вкоренета во човековата природа – уште од детството.