Скелетот на тирексот Тристан ќе биде изложен во Берлин

Еден од најдобро зачуваните примероци на скелет од диносауруси од видот Тираносаурус рекс во светот, во декември ќе биде изложен во Природонаучниот музеј во Берлин, каде што посетителите ќе може да го видат следните три години.

Image45

Остатоците од тирексот наречен Тристан Ото беа откриени во американската сојузна држава Монтана во 2012 година, и ќе биде главната атракција на изложбата со наслов „Тристан – Берлин покажува заби“, којашто на 17-ти декември ќе биде отворена во берлинскиот Природонаучен музеј.

Овој 12 метри долг и 4 метри висок костур на тирекс, е еден од најдобро зачуваните примероци. Научниците велат дека од Тристан „поубава“ е само Тирекс Сју, со којашто се гордее Природонаучниот музеј во Чикаго.

Останките на Тристан се во приватна сопственост на претприемачот и љубител на уметноста од Данска, Нилс Нилсен, кој го отстапи на музејот под услов скелетот прецизно да бидат истражени. Во јуни годинава во истиот музеј беше изложен и черепот на Тристан.

„Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени за време на изложбата“, изјави портпаролката на берлинскиот музеј, Гезине Штајнер