Англиски медиуми: Национален резил, полош од оној во 1950 година

Англиските медиуми жестоко удрија по селекторот и репрезентативците, кои во понеделникот загубија од Исланд 1-2, и го завршија својот настап на Европското првенство.

Image

Исланд приреди една од најголемите сензации во историјата на фудбалот, а медиумите им порачаа на играчите дека би им било подобро да не се враќаат дома.

„Тимот на Хоџсон е понижен и доживеа срамна елиминација од ЕУРО 2016. Англија го претрпе еден од најпонижувачките порази во својата историја, откако загуби од Исланд. Владеењето на Хоџсон ќе биде запаметено по поразот кој може да се спореде само со оној од САД, на светското првенство во 1950 година во Бело Хоризонте“, пишува The Guardian.

„Ова беше ноќта која најмногу ја понижи Англија во светскиот фудбал, ноќ многу полоша од онаа во 1950 година. Сепак, поразот во Ница ќе биде вечна траума, бидејќи се случува во период  кога Премиерлигата стана глобална индистрија“, пишува Пол Хејворд за The Telegraph.

„Хоџсон пред отказ по срамниот пораз од Исланд. Англија во една недела испадна од Европа“, е дел од коментарот во Mirror.

Daily Mail поразот од Исланд го опишува како сеизмички удар за англискиот фудбал и додава дека Хоџсон би требало да биде сменет по СП во Бразил пред две години, кога Англија не ја мина првата фаза.

„Причината зошто нацијата се бори да не чувствува емпатија или поврзаност со поголем дел од играчите е нивното его. Премногу славни, премногу богати, премногу моќни, така изгледа таа Англија“, пишува Ијан Херберт во The Independent.

Сличен став дели и коментаторот на BBC, Фил Мекнилти.

„Крајната одговорност ја има селекторот, но ќе згрешиме доколку не кажеме дека играчите целосно го изневерија. Хоџсон ќе ја преземе одговорноста и ќе ја плати центата, но тие преценити и преттплатени играчи од премиерлигата не смеат да ги избегнат критиките“.