Германија вработила 30.000 бегалци, а 130.000 добиваат социјална помош

Берлин, 11 јули, 2016 – 10:37 (META) 
germany_berlin_reichstag_government_quarter_10

Германската сојузна агенција за вработување соопшти дека најмалку 30.000 бегалци биле вработени од минатата година досега.

Но, германската влада и понатаму се обидува голем број од невработените да ги натера да најдат работа по пат на интеграциски мерки и курсеви за учење јазици.

– Бегалците, главно, се вработуваат во сектори каде што има недостиг од соодветни кандидати – изјавил претставникот од Сојузната агенција за вработување, Франк Јирген Вајзе.

Од новоангажираните работници во периодот од април 2015 до март 2016 година секој четврт е ангажиран со привремен договор за вработување, а 130.000 бегалци примаат социјална помош.