Грција бара помош за депортирање на бегалци

Грчкиот министер за миграции Јоанис Музалас рече дека неговата земја бара поддршка од ЕУ за брза депортација на мигрантите на кои им е одбиено барањето за азил од грчките острови назад во Турција.

Image

 

Музалас изјави дека скрининг центрите на грчките острови би можеле да бидат искористени за враќање назад на мигрантите со бродови во насока на Турција.

 

Грчкиот министер призна дека имало големо доцнење во формирањето на скрининг центрите и дека Атина побарала помош за овој проект.

 

Над еден милион мигранти и бегалци пристигнаа во ЕУ минатата година, а над 80 отсто од нив минаа преку грчките острови во близина на Турција.