Ердоган воведе вонредна состојба

Анкара, 21 јули, 2016 – 9:34 (META) 
16327492630_c3efc43ac7_k-860x680

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во Турција по неуспешниот воен удар, јавуваат светските агенции.

Ердоган, по завршувањето на седницата на Владата во Анкара, рече дека воведувањето на вонредна состојба не е против демократијата, владеењето на правото и слободата.

Според него, демократијата во Турција нема да биде загрозена, а вооружените сили се во служба на Владата, јавуваат турските медиуми.

Претседателот на Турција оцени дека воведувањето на вонредната состојба било потребно за да се „отстрани заканата“, јави „Би-би-си“.