Заев ќе сведочи јавно, Ставрески најверојатно на затворена седница

Анкетната комисија за прислушувањето во Собранието, откако ќе ги сослуша сите сведоци од првиот круг што завршува со вицепремиерот Зоран Ставрески во четврток, продолжува со нови листи предложени сведоци, а СДСМ го предлага лидерот Зоран Заев, кој ќе сведочи јавно.

Image

„Ќе има нови листи, согласно деловникот ќе достават нови листи согласно деловникот и пратеничките групи, јас и вчера најавив дека СДСМ како прв сведок ќе го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој својот исказ ќе го даде јавно за разлика некој други што имаа што да кријат и не се појавија, очекувам дека и Зоран Ставрески, има што да крие и ќе бара затворена седница“, рече претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, по денешната седница на која требаше да сведочо Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски, кој не се ни појави во Собранието.

На новинарско прашање дали, на новите листи, повторно ќе може да се предложат старите сведоци, Шилегов рече дека може до три пати.

За вчерашното сведочење на премиерот Никола Груевски, Шилегов рече дека премиерот одбил да одговори на прашање од бомбите, но не прецизираше за кое прашање станува збори.

„Не можам да ви кажам за  кое прашање, она што е веројатно интересно јавноста, сите прашања поврзани со бомбите одби да ги одговори. Не одговори на сите прашања, и не смеам да изнесам премногу детали од таа седница, само ви кажувам дека на прашањата кои беа поврзани со содржината на бомбите, тој не одговори“, рече Шилегов.

За денешното недоаѓање на Миле Јанакиески и за тоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано на точката на дневниот ред, Шилегов рече дека политичкиот интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски е да не се слушнат во јавноста нивното размислувања за содржината на разговори.

„Од тие причини прават се, во форма на недоаѓање, на реметње на работата, или затворање на седницата, да вистината недопре до граѓаните на Македонија“, додаде Шилегов.

Тој рече дека нема намера да се изнвини за повишувањето на тонот на гласот кон членот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, Владанка Авировиќ, затоа што смета дека „конкретната пратеничка е задолжена за реметење на редот на работата на анкетната комисија“.

„Не, не ме извадија од такт, свесен беше коментарот, заслужен.  Од една страна на луѓе кои што се долго време во парламентот, очигледно и госпоѓата на која името не сакам да ја спомнувам, треба да знаат дека на седница на комисија, на седница на парламент, може да зборуваат во моментот кога ќе побара збор, и кога тој збор ќе им биде даден од страна на претседателот“, рече Шилегов.

Тој смета дека македонската јавност заслужува да добие одговор за прислушуваните разговори, објавени во бомбите во проектот „Вистината за Македонија“.