Масакар во Елбасан, тројца убиени, осум ранети

Засега непознати лица кои биле облечени во полициски униформи од автомобил пукале со автомати во угостителски објект во средата во доцните вечерни часови во Елбасан, при што убиле тројца и тешко раниле осум лица.
Image

Масакрот се случил во еден објект во близина на фудбалскиот стадион во Елбасан, а според албанските медиуми станува збор за крвна одмазда.

Албанската полиција информираше дека убиени се Агрон Чапја, Ено Бедали и Ардит Синаколи. Од ранетите во тешка состојба се тројца, кои се префрлени на лекување. Во четврток во раните утрински часови  полицијата направила опсада на градот Елбасан, со цел да ги фати убијците.

Според првичните  информации убиствата се поврзани со претходни убиства што се случиле во Елбасан.