Сончева и топла недела

Скопје, 27 септември, 2016 – 9:28 (META) 
15610948898_5ab693a0b5_z1

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, во планинските подрачја со мала до умерена облачност, a ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 11 Целзиусови степени, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје и во околината се очекува сончево време со мала облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 7 Целзиусови степени, а дневната до 23 степени.

Следува период на претежно сончево време со свежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, особено од средината на неделата.

В четврток и в петок времето ќе биде сончево и топло со температура од 22 до 29 Целзиусови степени.