Демотиватори

shoshko3111– Не верувам дека ќе положиме…
– Тешко дека ќе те примат.
– Сигурно те изневерува!
– Сепак мислам дека ќе се откажеш.
– А да не одиме денес?
– Сигурно мислиш дека е ова добра идеја?
– Малку ми делуваш несигурно
– Го/ја видов денес. Ама не те спомна.
– Мора да ти е глупаво да си сингл меѓу сите парови околу тебе.
– Извини баш сега не можам да дојдам.
– Местово е ужас.
– Музиката е катастрофа.
– Ми се гади од сељациве.
– Не одам таму, многу е гужва.
– Немој да се фарбаш, лошо ќе ти стои.

Ако дозволите било кое деморализирано суштество со голема доза на завист кон било кој ваш (успешен) чекoр да ви влијае со една реченица, време е да ги избришете од вашиот живот. (Од ова одлука изземете ги родителите, зошто нивна работа е да „мрчат“, но не и да одлучуваат место вас. НИКОГАШ!) Животот е премногу краток за да лечите туѓи фрустрации, да ја абсорбирате туѓата негативна енергија за тие да се чувсвуваат подобро во своја кожа. Колку години и да имате (зелени, малку созреани или мудри) вие самите сте си се што имате, фигуративно секако.

Сакаш да ја смениш бојата на косата – СЛОБОДНО! Зошто некоја лажна другарка/колешка/роднина би ти влијаела на одлуката? Ако изгледаш лошо секогаш можеш да се префарбаш. (Секако ќе слушнеш неколку „ти реков“ ама барем проба и виде како е.)
Сметаш дека ќе положиш, иако не си учел/а доволно. Не потклекнувај под колективната депресија, дека сите ќе паднете. Ти не си сите, и никогаш нема да бидеш.
Нема да одиш на концерт зошто во твојот живот има личност која не поднесува гужви и испотен народ? А што ако тоа е единствената шанса да го видиш тој бенд или музичар?
Сингл си меѓу парови? Земјата сеуште се врти. Ако некој е толку среќен со својот избор нема да се оптеретува како ти се чувствуваш меѓу парови, освен ако не сака гласно нешто да си докаже себеси.

Ништо не е како што изгледа. Половина од муабетите што ги слушаш се преувеличени, добро зачинети и секако делумно точни. Денес е денот кога треба конечно да се ослободиш од старите џемпери, хулахопки, фармерки, кутии со непотребни глупости и лажни пријатели. Знаеш дека ги чуваш од навика како што знаеш дека само ти зафаќаат место и апсолутно не ти помагаат никако.

 

К.Шошко

 

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.