Господе прости ми

KokakolicarДо кај стигна наукава, а се уште тема на муабет е дали постои господ, небеско царство, божја волја, гревови, рај и пекол. Не не, навистина не можам да разберам како е возможно да ги отфрлиш сите научни факти и како алтернатива да одбереш да веруваш во работи напишани во некоја си книга, која наводно е света и е од непознат автор. Па еден обичен муабет, една обична приказна со секое нејзино прераскажување се модифицира и на крај се менува целата содржина, како тоа сеуште верувате во приказни од пред толку години?

Па пре би верувал дека сум никнал од земја одколку да верувам дека Адам и Ева се „криви“ за постоењето на човековиот вид. Како прво, наводно они имале два, три сина, па баш ме интересира како тоа успеале да ја продолжат лозата, па и човековиот вид воопшто? Станува збор за инцест? Инцестот не е забранет? Адам и Ева создадени од господ, а не родени од жена, на секоја слика папок.. Логика, ве молам?

До негде и ги сфаќам вернициве. Не им се „тупи“ мозок да мислат како настанал човекот, светов, како настанала планетава ни Земја, најлесно е така, ГОСПОД сѐ создал и тоа е тоа. Просто и едноставно. Кога немаат пари се тешат дека ако се фини, господ ќе им даде тоа што им треба, сега живеат мизерно, нема врска, на небесата ги чека раскош.. Жими мајка ги чека. Ги чека дрвен сандак два метра под земја кај што ќе си „скапуваш“ за век и векова.

Кога сме кај тој чин на ставање на трупот вечно да скапува т.е. погребот, повторно ми се јавува конфузија. Човекот умрел, загубата често е голема, семејството и пријателите се тие што треба да се справуваат со душевната болка и на сета таа мака тие треба да му ја мислат на организирање на целата таа церемонија, да не зборам па за големите финансиски средства што треба да се обезбедат за парцела, ковчег, гробари, за попчето што си ги трие рацете за време на извршувањето на неговата дејност, испраќање на душата во вечните ловишта и слично. За што? Ма кога од кога ќе умрам што ми е гајле со телото што ќе се деси, фрли го во река ако сакаш, ништо не ми менува. Чувај си ги парите, потроши ги на нешто корисно! Од целиот тој циркус најголем момент ми е ручекот после погребот. Си изгубил некој што ти значи, а ти си седнал у ресторан да си ручаш, стварно не ми е јасно, но луѓе ко луѓе, гага е, кај се пропушта.

Што е најинтересно приметувам дека со текот на времето и самите религии се модифицираат. Се ублажува строгоста за човековите дејствија кои се наводно забранети, сето она за што до вчера се збореше како за one way ticket to hell сега и не е толку страшно, она „не смееш“ се претвори во „смееш, ама не претерувај“ и така натака.
Да не се сфатиме погрешно, немам намера да ширам јас некакви анти-верски пропаганди, верувајте си вие слободно во што сакате, само се обидувам да пронајдам логика ЗОШТО верувате.

Дискусија за религија со верници НЕ! Ти упорно им кажуваш факти, но за нив од твојата уста излегува само „бла бла бла бла бла бла“. Залудно е да се трудиш, исто е ко на магаре „укочено“ пред мост да му држиш предавање дека не е страшно да го премине мостот. Токму тоа се, магариња, ограничени инаетчии. Па дај бре преминете го мостот, ако ништо друго на оваа „грешнава“ страна од мостот ќе можете да си ги оправдате своите секојдневни гревови, тука нема Господ, нема божја казна, ќе си правите што сакате без страв од божја санкција.

Ако навистина вернициве веруваат во сите тие божји правила, ако веруваат во рај и пекол, тогаш морам да кажам дека верниците се најголеми мазохисти. Веруваш во божја казна, веруваш во пеколот каде што наводно ако отидеш ќе бидеш вечно измачуван, но повторно ги правиш сите тие гревови како да сакаш бе да завршиш таму кај што вечно ќе те мачат. Тоа е најголем степен на мазохизам.

Искрено се надевам дека религиите еден ден ќе исчезнат, дека луѓево ќе почнат да размислуваат рационално и дека наместо да чекаат од „семоќниот“ ќе почнат да ги превземаат работите во свои раце. Па што добро искочило од религииве? Само војни, нетрпеливост, дискриминации и остали шитови. Верувај во себе, што можеш сам да направиш, не може никој, во небото гледај облаци и бескрајна вселена, не небески царства, од религија леб нема.

Le Me, Кокаколичар

 

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.