Известувачки Портали

aleksandarWelcome to the jungle called internet amigos, тука има се од шврки врки, баби со безпол палици, џуџиња на lsd и се она што потајно посакувате…

Има луѓе од секаков тип… има паметни, има комични, има интересни, има досадни, али највише има глупи…

Тука почнува целата приказна… има сајтови каде што може да прочиташ се и сешто од хемски формули за ракетно гориво и хероин до најдолниот жган и беда на балканов…

Па добро бе да му е**м мајката толку да се немало нешто паметно за пишување? До толку да се форсира глупоста? До толку да се биде желен да се тресат глупости по интернетов… Проста маса еј (или ко што би рекол мојот драг пријател PuCi… simple table)…

 

Почнувајќи од
Think.mk
Grid.mk
Libertas.mk
daily.mk
sitel.com.mk и пуна капа други

Човечееееееееее… Ерекција на манекенот го прекина снмањето на спотот на фолкерката… Субрата Рој купи најскапа кола во Македонија… Сандра Африка со нејзиниот нов дечко…. и останати ствари од кој ми се с*** коа ќе ги порчитам. Толку да се немало што паметно да се напише, па ќе го тупиме народов со глупости од најдолниот жган во државава, абе собраќајка во градов да не се деси… одма тука луѓе се борат за живот, во животна опасност на апарати, а учесниците во собраќајката пијат пиво у кафич и потпишуваат европски, врска немаат што пишуваат ама битно се вергла нешто онака колку да се чита, нек тепа народот време, приказни пишување и измислување 300, или пишуваат како некој се фрлил од зграда у СЕВЕРОЗАПАДЕН ХОНГ КОНГ, каква допирна точка имам јас со Хонг Конг? Или приказна што ја видов утрово Деца од Белград се возеле пијани со кола и дошле дома и мајката на едното од децата им рекла Господ да ве чува, а тие и возвратиле – Нема место за него, ако сака нека седи у гепек… и се случила собраќајка и децава умреле сите и кога полицијата го отворила гепекот нашла табла јајца од која не било скршено ни едно јајце… и после 4-5 саати на сличен портал… Фатална собраќајка во Белград 5 деца починати, нема да верувате што нашла полицијата во багажникот на возилото… и прекажана истава приказна со склика од прекршено BMW на германски таблички… и седам и се смеам… уствари незнам дали да плачам или да се смеам, како не им е срам да верглаат такви глупости, многу страни се напраени само заради рекламните банери од лева и од десна страна, само да имаат гледаност рекламите и да бидат исплатени пари… а што се пишува… ма на кој му е гајле што се пишува нека чита раја… што е битно.

Наместо да земат пример од светски сајтови од типот на CNN.com и еден куп други сајтови за вести и известувања, они кутрите се трудат оригинални да останат… се обидуваат паметни да изглумат, добро бре… кој ги води овие сајтови? Кој им ја ревизира содржината? Кој уствари финансира вакви бљувотини?

Форсирање на шоубизнис е една од по идиотските работи на сајтовиве… почнивајки од …Цеца Ражњатович видена во градско кафуле со некојси српски бизнисмен или Ријана фатена на дело како снима порнич… што да кажам поише? Има ли потреба?

Мислам дека не е коректно да се гуши народот со вакви бљувотини, нема потреба да се измислуваат приказни… страшно е примеливо дека тресат глупости, незнам зашто го тепаат времето со пишување бљувотини… толку се очајни со теми? До толку нема креативност?

До кога?

 

Ел Риџо

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.