Кој да чуваш бе лепотице?

aleksandarСи вртам по фејсбук… се поети станале бре, колку поети тоа е нешто невидено… лепотицава више треба у секое второ машко у скопје да го чува, не и е лесно…
Незнам зашто е толку потребно сите помодарски да препишуваат искази и реченици од книги кој ги прочитале, песни кој ги слушнале… или пак ги измислие сами… Фрази од Џорџе Балашевич кој кутриот пола и поише не ги кажал, квоти од Игор Џамбазов.

Што ви е бе? Мислите дека ќе се експонирате како паметни ако постирате 2 реченици со некој DEEP текст? Мислите дека ќе ги покриете сите срања од Џенан Лончаревич што сте ги постирале пред две недели со една песна од Стинг?

Не бе срциња, не ве бидуеТ…

Не значи дека сте поети и дека сте паметни ако знате за проврзете два збора во две небитни реченици и да го кажете како текст, гледам многу почнале да пишуваат текстови на вордпрес… некој банални муабети за љубов… каква требала да биде, каква била, па болела – не болела, верглање исти муабети у место цело време дај кажете нешто ново, дајте некоја хардкор наука да прочитам, дајте некоја паметна ствар… доста ми е од вашето отварање на емоции на фејсбук… се осеќам ко да читам текст напишан од ПОЛЖАВ е толку ви се лигави текстовите… и искрено смешни сте што би се рекло клише сте… ве гледам и ви се чудам… зашто толку ниско ниво на креативност? Зашто сите ја пратите истата мода? Пишувате текст кој ем што нема поента нема ни крај… ќе почне, ќе се заплети текстот, ќе се исповратат сите таканаречени квази емоции на тастатурата и од нигде никаде CUT крај, каде отиде приказната? Каде ги снема емоциите… ако сплетувате нешто барем врзете му чворче на крај да не се расплетува пак… Се надевам метафорава ќе ве тупне по чело и ќе ви каже дека не е потребно да пишувате текст кој на пола поента ќе го скратите  тоест ќе напишете пола текст и искрено многу ми е смешно кога се обидувате некоја небитна слика да создатете во главата на читателот… раскажувате текст како сте се гушкале на снегот и сеа ми го верглате снегот пола текст, а да пробате да го опишете тоа што го мислите во моментот? Не би било лошо а? Нема да создаде по целосна слика за вашиот момент а? Ама не знаете како… тоа е проблемот, затоа што метафора слаба страна ви е, па искрено би ви ја збрцал  во мозкок ко шило во ребра на скинер во мексички затвор… чисто за да видите дека со слика се опишува момент и со момент слика и дека не е тоа така просто… плукни залепи.

За да интригираш треба да создадеш начин на размислување кај читателот, ама тоа мислење треба да го насочиш некаде, кон некаква цел, а не да го сечеш во поим ко рака на ветеран од Виетнам зашто така ти е изгубена целта ко Атлантида и текстот ви е банален ко додаток во весник во среда… Ај да не ви дојде многу метафора да бидам малце директен. Вашите поетски достигнувања и величења на фејсбук ми се бљувотина, а ако сте толку надарени напишете книга, зашто веќе сте напорни со мини љубовните текстови кои ќе бидат објавени од некоја несамосознаена тинејџерка со некој длабок цицат и срце на крајот, ма ајде ви се молам бре… Уствари како и се друго во нашава полузаглавена држава и нашиов зомби/хорда менталитет помодарството е најбитно пошо поединците што се истакнуваат и не ги разбираат ги класифицираат ко небитни, а неможат да сфатат дека самите се прават небитни… исто како љубовните полжав edition текстови…

Ел Риџо

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.