Ноќен Живот

mitkoСпоред сите дефиниции под ноќен живот се подразбира  поим за разонода достапна и е повеќе популарна навечер и во раните и утрински часови. Местата можат да бидат најразлични  кафани, пабови, клафулиња, ноќни клубови, барови, кабаре, мали театри, мали кина, претстави, и ресторани. Под ноќен живот се подразбира и посетување на јавни куќи кои за наша ( не) среќа ги  немаме, зошто уште нив да ги имавме тогаш каде би ни бил крајот. Се разбира главни конзументи на овој ноќен живот се младата популација. Многу се сложни дека ноќниот живот е оддамна умрен. Порано излагаш и одиш некаде зошто ти е мерак да излезеш. Денес се е како на лента, одиш зошто мораш да илезеш некаде. Понудата е ограничена во организациски но и во плански карактер. Луѓето се тие, местата се тие.

Во последниве години во Скопје се отворија кафулиња на секој чекор. Газдите сватија дека на тој начин може да дојдат до лесни пари и веќе не им беше дојдено до музиката туку како да спечалат пари. Но во последно време за волја на вистината се отвораат локали кои се понастрана од скопскиот центар, кои преферираат покултурен и поцивилизиран пристап на работите.  Некои ќе кажат дека се е отидено поѓаволите. Се искомерзијализира се. Пријатноста и правењето на муабет веќе станаа привелегија зошто на 5 метри од тебе ечи турбо фолк музика додека на другата страна има некоја електро или транс музика. Таквиот начин на забрзана урбанизација им штети на сите. Доаѓаат секаков вид на луѓе. Метежот, насилниците, вулгарните, невоспитаните ги бркаат квалитетните луѓе. Порано луѓето си правеа природна селекција во дружењето, но не според парите, туку според професијата на родителите, статусот во општеството, образованието, манирите на однесувањето. Денес нема критериуми и ставови, владеат искривени вредности. Некој со пари без никаков квалитет е репер за народот, а тоа не прави материјално општество. Денес луѓето немаат карактер. Тие одат во одредени кафуиња не зошто им е убаво, туку зошто некој им кажал дека таму е она вистинското, дека таму е шемата. Лошо е што во рамките на ноќниот живот се изгуби смислата на одење во театар, гледање убави филмови во кино. Потребна е финансиска инјекција за да може да заживее народот.

Разликата од порано и сега е економската моќ на младите. Безпарицата влијае на секој од нас. Иако во Европа сме лидери по невработеност сепак не заостануваме многу зад нив кога е во прашање трошењето и луксузирањето. Многу од странските гости кога ќе дојдат во Македонија се изненадени од полните кафулиња и дискотеки. Иако цените се нерални и се кренати до небо сепак полно е во поглемиот дел од неделата, подготвени сме да си одделиме од дома, да гладуваме само да излеземе надвор и да не видат. Разликата во имотната и материјалната состојба во денешно време е видлива. Скромноста со која треба сите да се гордееме исчезна. Денес побитно е да ја паркираш колата пред дискотека, да имаш IPhone, да нарачуваш шишиња во дискотека и пред се да те гледаат со битни луѓе, зошто навидум на тој начин ти се кревал статусот во општеството. Порано се ценело нивото на образование, интелегенција, да си спортски граден, додека денес за жал не е таков случај, сите овие работи паѓаат во вода ако ги немаш погоре наведените.

Ноќниот живот во Скопје не може да се дефинира. Што и да кажете во право сте. Колку луѓе – толку приказни. Најчесто излагањето е како бал под маски. Поголемиот дел од луѓето глумат, не се природни, се прават тоа што не се. Ретко можеме да видиме искреност и отвореност. Не можам едноставно да гледам како некои самобедисани луѓе ни продаваат култура. Не можам да гледам како некои глумат дека се фраери со нивнот простотилак и со познавањето на сите вратари по дискотекиве. Не можам да ги гледам дамите на ноќта како глумат некои градски дами а при првата прилика трчаат по парите и по навидум некоја привидна слава.Не можам да гледам како вратарите со своето основно, максимум средно образование одлучуваат дали јас можам да влезам некаде или не. Не можам да гледам како некои луѓе мора да ги трпат сите тие глупости и постојано да си го бараат своето место под сонцето.

Се надевам дека до вас ќе допре оваа колумна. Излагањето треба да си го сватиме како релаксација и чистење од лошите мисли. Одете посетете некое кино, театар, некој концерт, посетете некое маалско кафуле, посетете некоја боемска кафана, едноставно уживајте и верувајте нема да зажалите. Не се замарајте како сте облечени или дали шминката би била правилно наместена. Ако некој треба да ве забележи ќе го направи тоа и без сите тие работи и на крај  и нема да му биде важно како изгледате. Точно е дека не можеме да бидеме сите исти но можеме барем да бидеме скромни во работите кои ги бараме. Зошто скромноста е најголемата доблест. Одете забавувајте се, флертувајте ослободени од сите фрустрации, дајте му на некој шанса, никогаш не се знае, може сепак ќе си го пронајдете својот животен партнер во некое кафуле или дискотека.

 

Секогаш треба да знаете дека: шармот на градот го прават луѓето!

 

Митко Сланинковски

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.