Во чест на мирот

mitko1Ненасилството е филозофија, начин на живот, средство за социјална, политичка и економска борба стара колку и самата историја. Од антички времиња, па се до денес, луѓето се откажувале од насилството како начин на решавање на спорови. Тие се определиле за преговарање, медијација и помирување, да му се спротистават на насилството со милитантно и безкомпромисно ненасилство, но во исто време да се почитува интегритетот на сите човечки суштества, пријатели, па дури и непријатели. Но, ова не е начин на кој се читаат историските книги. Овој факт е непознат и трае зошто ние сме способни само да го интерпретираме протокот на човековите настани во голема мера во однос на судирот со оружје.

Промовирањето на мир е многу близок со пацифизмот. Пацифизмот не’ води нас до одрекување од сите војни, од сите форми на масивно насилство и репресија што го имаат погодено човештвото од почеток на неговото создавање. Ненасилството ни овозможува и е алатка која со позитивноста се противат да се запре војната, подготовките за војна, да се даде отпор на насилството, да се бори против расната, сексуалната и социјалната правда и да се креира демократија за сите луѓе во светот. Во вистинска смила на зборот ненасилството е квасец за лебот во едно општество, ослободено од секаков вид на репресија и крвопролевање во свет каде што сите луѓе можат да го ослободат и да го исполнат својот максимум.

Ненасилството и промоцијата на мирот се динамични процеси и тоа значи континуирано страдање. Тоа не значи кротко поднесување на желбата на грешниците, туку тоа значи спротиставување на оние кои треба да се против желбата на тиранинот. Мора да созрееме прво на ментален план и само тогаш како морална опозиција ќе бидеме бесмртни.  Ненасилството и промовирањето на мир е најголемата сила со која располага човештвото. Мирот е едно од најголемите оружја, па дури и појако од најјакото оружје со кое се идентификува човештвото. Деструкцијата и нејзината промоција не е закон на хуманост. Луѓето живеат слободно и слободно се подготвени да умрат ако треба и во рацете на братот или сестрата или родителите, но никогаш од нив. Секое убиство или било каква повреда без разлика на каков начин е предизвикана, поттикната од друга личност е злодело против човештвото. Познато е дека секој метал се топи на одредена температура. Затоа и секое тврдо срце мора да се стопи на температурата на ненасилството и на мирот. Затоа мора да се напомене дека не постои никаков лимит и никаков капацитет на ненасилството кое ќе генерира топлина. Секоја акција произлегува од мноштво сили кои делуваат во природата. Не постои залудно потрошена енергија и тоа се учи во книгите по механика. Ова исто може да се каже и за човечките акции. Нашето игнорирање не треба да предизвика недоверба во овие сили. Ако се верува во Господ и во верата, тогаш треба да се верува и во моќта на ненасилството. Ненасилството и потрагата по мир е како вода, која кога е надвор од контрола оди напред фуриозно и руши се пред себе со една незапирлива сила. Ненасилството не е акт на лудило.Тоа се карактеризира со дисциплина. Но, кога оди напред, тогаш не постои насилство кое ќе може да го сруши. За тотално да оди напред тоа треба да поседува неверојатна чистина и недопирлива верба.

Насилството е многу непрактично, зошто ако се тргне од принципот на филозофија око за око тогаш сите би биле слепи. Овој метод е многу лош. Овој метод е многу неморален. Неморален е зошто го уништува духот и завршува со уништување на другите. Лош е зошто се цели да се елиминира противникот отколку да се преобрази. Лош е зошто општеството се остава во еден монолог отколку во дијалог.

Ненасилството и теоријата за мир велат дека во човековата природа е да има неверојатен потенцијал на добро. Но, тоа многу малку се покажало на дело зошто има многу малку работи како што се ненасилството и пацифизмот кои биле ретко истакнати во таа човекова природа. И затоа нема да се погреши ако се каже дека има повеќе негативни, отколку позитивни страни во човековата природа. Но, мора да се биде реален и да се признае дека има и голем капацитет на зло. Како што Хитлер го водеше човештвото во најдлабоките и намрачните страни, така Ганди беше негова противтежа и го водеше човекот во највисоките височини на ненасилство и добрина и мир. Во последните години има драматично зголемување на бројот на луѓето во светот кои земаат дел во своите ненасилни политички акции и постојано има апели за мир во светот. Паралелно со ова се развива дебата за значењето на мирот и ненасилството. За некои ненасилството е техника која се справува со конфликтни ситуации со цел да се справува социјалниот мир; а за некои ненасилството е морален императив или начин на живот. Како метод на активизам ненасилството гарантира еден процес кој не може да пропадне; и затоа ниеден метод на конфликт не може да го гарантира тоа. За тие што се песимисти за тоа дека ненасилството и потрагата по мир ги решава конфликтите Ганди би кажал: “Дали се обиде ? Јас се обидов и тоа успеа“

 

Митко Сланинкоски

 

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.