Пофалба на (не)писменоста!

shoshko3111Денес го шетаф кучето низ школски двор и сватив колку е убаф животот. Децка смеа наоколу пролета пристигналa рацветале дрвата и грмушките. Преходниот ден ми беше ужасен и помалку депресивен зошто цела недела ијаме тестови во школо и многу тешко беше. Дремеф дома и гледаф серии. Требeше да учам ама ме мрзеше. Така кога ме фаќа мрза дома викаат ичисти си ја собата ама ја ни тоа не го направиф. Понекогаш се прашувам што не е во рет со мене ама таквите мисли брзо ми поминуваат. Таман си сум. Се вратиф дома, и решив да каснам малку од спањакот што останал од фчерашниот ручек. Не беше лош. Некој зазвоне на вратата прецедателот на кукниот совет ми бараше пари за чистачка. Му дадоф и си отиде. Од како се најадоф ми текна дека не ги измиф раците. Нема врска ги измиф после јадење и така ми беа масни зошто си макаф со лебче од тањир. Лабавото во купатило ни беше затнато па затоа ги измиф во судопер или ко што го вика баба ми мијалник. (Сељачки ми звучи ама не ја поправам зошто е стара).

По пладнето ми беше малку досадно па решиф да искочам со друшво на кафе. Поминувам по плоштат врие нарот. Склуптуриве изглеа ептем им се свиѓаат на сите па и на мене. Пограцки ми делува Скопје овака украсено. Некој викаат дека биле бес врска ама мене баш ми го освежуват центарот. Седнафме во еден кафич и порачафме експресо, и некој џусеви онака да се освежиме. Убафко беше си помуабетифме и си отидофме накај дома.

Прет зграда гледам се собрале некој комшии околу колата на еден од ниф. Нешто расипана ваљда аколуматорот. Појма немам….Го вадам кључот од џеп и таман да го турам во кључалка некој ме мава по глава толку јако ми се стемни. И се вртам професорката по македонски. И викам што е професорке зашто се мавате и она ми ја џитка писмената на земја и ми вика имаш срека што не те убиф. И си отиде. Ја читам писменава не знам што е погрешно…не дека темата е утната или незнам што ама ми ја испочкртала цела писмена со црвено пенкало и доле ми пишала коментар дека покрај сите грешки што ги нашла во писмената од сите нај многу ја изнервирало тоа што ни презимето не ми било тачно напишано. Пишала дека презимиња што завршуват на –ски се пишуваат со к а не со ќ. Не сватив баш…ама мислам дека тоа беше ради тоа што ме ѕвекна по глава многу јако.

Му кажаф на таткоми ама он ми вика на кој му било гајле за писмената кога Маќедонија е во криза дваесе години. И во право е он зошто многу се не писмени овие политичариве. По некогаш кога гледам вести си мислам зошто не живеам во некоја друга држава кајшто е по убаво и по богато за живеење и сакам да се преселам ама знам дека ке ми биде жал за Маќедонија. Плус и за мојте дома ке ми е жал…И не знам јазик плус. За да ми помине главата и да се освежам од шокот што ме удри професорката мајками ми направи лимунада и заедно со таткоми и мајками гледафме телевизор вечерта. Таткоми после ме праша што ден е утре и ја му рекоф фторник. И онака се шрекнав пошто ми текна дека имаф утрето дента уште еден тест по англицки. Ај…..у %$^&@!&*

 

К.Шошко

 

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.