Скопје на фотошоп

aleksandarДојде лето… еве го, тука е… КОНЕЧНО, колку и да го мразам и колку и да ми е гадно ова Скопје во лето не би го сменил за ништо, за никаква цена, за никаква цел… уствари Скопје во лето и нема некоја цел.

35 степени надвор, сонце свети, луѓето се весели… смеа, џагор, насмевки во паркот. Кафе од трк и скапи цвикери го полнат сјајот зачинет со мирисот на липите на Партизанска, разголените нозе и стомачиња низ центар… мх мх мх, да ти е кејф да си шеткаш, така безвезе.

Се заборава се… цел тој кич, цела таа импровизирана интелегенција испарува во и така прилично спарниот скопски воздух, и додека пивото под сенките на парковите ни ги лади сите интернални органи, во парковите се вртат муабети, смеа… добри вибрации, нема потреба за напор се е рамно, се е ирелевантно. Маалски баскет, серва, кафиња… лабав живот не е битно дали се има пари или не и така се нема, али удри бриге на весеље ќе биде боље од понеделник…

Кога ќе зајде сонцето не заоѓа и сјајот… се собираат млади по паркови, по школски дворови, градинки… Се осеќа дружба во воздухот, се осеќа некој круг на еуфорија… не е битна причината битно добро да се поминува времето до раните утрински саати во кој и глувото доба и не е така глуво…

Од средно до центар од центар до Карпош и така натаму… низ цело Скопје се осеќа тој мир кој го носи летото, таа добра вибрација што се шири низ луѓето… Луѓето го наоѓаат ќејфот во малите ствари. Додека билдерите си вежбаат на кеј, јас си мезам шопска и жолта у дворче, додека се крчка месо на скара и се лади пиво во фрижидер, други пак сакаат да спијат по цели денови, трети да играат игрици, четврти да работат и така натака… Сите не склопува некоја енергија која потекнува од самото лето, од самото сонце, од самото Скопје… секој негов парк, секоја негова уличка, секоја негова клупа, секоја чешмичка за вода, игралиште, маалски кафич и коперација…

Некако се заборава колку е прљаво ова Скопје, сонцето ги брише сите негови флеки и го прави да светка, ме тера да го сакам колку и да го мразам, колку и да ми е досадно, ме тера да уживам…

Летото е фотошоп на Скопје…

 

Ел Риџо

 

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме).

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.