Време е за Хајд Парк!

shoshko3111Време е…
Време е да се направи детоксикација.
Време е да се направи детоксикација од лоши реклами, лоши приказни, лоши вести, лоши луѓе, лоша мода, лоши филмови….
Време е да се оплемени просторот со нова крв.
Време е да се освежи околината со нов кислород.
Време е да се донесат нови одлуки.
Време е да ја исчистите собата, станот, куќата, дворот, колата…
Време е да одите да ја скратите косата.
Време е да облечете полесна облека.
Време е за очила за сонце.
Време е за кафе надвор.
Време е за шетање низ парк.
Време е за свежа промена на вашите мисли.

Денес, заедно со новите пупки на дрвјата, заедно со пркнатата зелена трева, заедно со цела разабудена природа Ви го претставуваме Хајд Парк.
Да,парк. Зашто овде е местото кај што ќе се чувстувате опуштено, ослободени од сите токсини на секојдневниот живот. Овде доаѓајте секогаш кога ви треба „воздух“, зашто овде како и во реалниот Хајд Парк ќе видите многу работи. Овде ќе се обидеме да го задржиме вашето внимание со музика, вести, филмови, галерии. Овде ќе можете да го кажете вашето мислење онака како што навистина е. Без страв и срам.
Опуштете се и вдишете длабоко од новиот воздух.

Време е за Хајд Парк!

 

К. Шошко

 

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.